Интервјуа, Мој став

СЕКОЈДНЕВНИ ХЕРОИНИ – Васка Маневска

Во рамки на серијалот „Секојдневни Хероини“ започнуваме со интервјуа на жени кои секој ден прават по некој успех, без да се фалат со тоа. Жени што се справуваат со различни предизвици стоејќи и секојдневно се борат. Жени кои имаат огромно животно искуство кое споделено со други ќе придонесе за зајакнување на позициите на жените воопшто. Денес разговараме со Васка Маневска, Bid Manager во Infinite Solutions и Master Consultant во TianDe Macedonia.

Еднакви.мк: Кој момент го сметате како пресвртница во својот живот, односно Ви оставил најголемо влијание во животот?

Васка Маневска: Прв challenge ми е вработувањето во ИТ индустијата. Тоа е сектор кој овозможува врвна кариера, стекнување на знаења и практики кои можат да се применат во сите останати сектори, патувања и соработки со врвни компании на светско ниво. Втор challenge ми е соработката со TianDe Macedonia – корпорација за здравје и убавина. TianDe е компанија со возвишена енегија, компанија во која успехот и среќата ви се загарантирани.

Еднакви.мк: Што мислите дека им е потребно на жените во Македонија?

Васка Маневска: Жените пред се’ треба да се женствени. Повеќе да водат грижа за своето здравје и да ја негуваат убавината. Треба повеќе да работат и на самодоверба. Да го надградуваат образованието. Да имаат поголема самопочит и почит кон останатите жени. Да бидат похумани и сочуствителни. Да застанат на страна на послабите.

Еднакви.мк: Кој е најважниот совет што некогаш сте го дале некому?

Васка Маневска: Јас низ животот се водам по неколку цитати, често ги споделувам на социјалните мрежи, верувам дека некому му биле од корист:

– Никогаш немој да градиш успех и среќа врз туѓа несреќа

– Секој кој ти се приближува нека си оди од кај тебе подобар и посреќен

– Понекогаш одбери да си среќна наместо да си во право

– Гушкај често, споделувај убава енергија

– Смеј се, сакај, изненадувај, подарувај

– Семејството пред се’

– Прифаќај предизвици

Еднакви.мк: Што би им препорачале на одлучувачите да направат за жените во Македонија?

Васка Маневска: Ќе потенцирам дека ми пречи дискриминација на жените во застапеноста на ТВ медиуми и сите останати пишани и електронски медиуми. Со години гледаме и читаме исти лица, а во државава имаме толку многу успешни жени кои јавноста не ги познава – апелирам да им се овозможи медиумски простор на истите. Според одредени статистики, свесноста за медицински прегледи во државава не е баш на завидно ниво. Сметам дека треба почести кампањи за подигање на свеста, посебно за гинеколошките проблеми и заболување од рак, кои за жал се најбројни. Мора да се спречи семејното насилство, мобингот и просењето. Голем дел од женската популација минува низ овие три голготи.

Еднакви.мк: Доколку можете да промените три работи, кои би биле тие?

Васка Маневска: Сметам дека итно се потребни драстични реформи во образованието, здравството и правосудниот систем. Кога ова би се средило, Македонија би била многу поубаво место за живеење, а со тоа би се спречил и масовниот одлив на стручни кадри. Луѓето да се квалификуваат според степен на стручност, а не по партиска основа.

Еднакви.мк: Што би им препорачале на младите жени кои се сеуште несигурни во себе?

Васка Маневска: Патот до успехот е поставена цел, јасна и конкретна. Дајте си мотив, полесно ќе стигнете до целта.

Еднакви.мк: Кој е вашиот мотив за успех?

Патувањата – секоја нова разгледница ми е нов предизвик, мотив и инспирација да бидам поуспешна во новиот ден.

Еднакви.мк: Што според Вас може eдна жена да ја направи среќна?

Васка Маневска: Среќна сум кога и другите се среќни. Среќна сум што имам прекрасни родители и пријатели. Среќна сум кога ќе добијам голем проект во Infinite Solutions. Среќна сум кога ќе помогнам во подобрување на здравјето на корисник на TianDe производи. Среќна сум кога за брзо време ќе се соберат донации за лице за кое сум апелирала, посебно кога ќе слушнам вест дека лицето е излечено. Среќна сум кога ќе слушнам за туѓ заслужен успех. Среќна сум кога сум помеѓу деца. Среќна сум кога патувам. Среќна сум кога ќе купам штикли и парфем…жена. Среќна сум кога за надоградба на образование ќе добијам сертификат од реномирана странска образовна институција.