Вести

СО НОВИ СОЗНАНИЈА, КОН НОВИ ПЕРСПЕКТИВИ ВО ЖЕНСКОТО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Минатата недела (18 и19 ноември ) во организација на Национална платформа за женско претприемништво беше одржан Првиот  годишен Самит за женско претприемништво 

Самитот во својата дводневна работа имаше многу содржини кои направија да се обележи како настан, кој на сеопфатен начин ги потенцираше сите аспекти на женското претприемништво. Се зборуваше за тековните состојби и предизвици а за прв пат беа доделени и први награди за најуспешни претприемачки во 2021 кај нас, кој секако ќе станат поттик за многу жени во бизнис светот.

Во првиот дел од настанот на неговотот отварање присуствуваа и претставници од политичкиот живот. Беа потенцирани придобивките од заложбите на сите вклучени во се поголемиот број на активности, што се преземаат во сферата на вклучување на жените во бизнис светот кај нас, на поширико општествено поле. „Да веруваме во жените, во нивната моќ и храброст и секогаш да бидеме уз нив и да им помагаме“ –беше мотивот на поздравот на Данела Арсовска, градоначалничка на Град Скопје  која е и една од потпсиничките на Националната платформа. Инаку Фатмир Бетиќи,  Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, потсети на сите заложби кои се прават во последниве години да се поттикне бизнис секторот на жените и да стане рамноправен економски партнер, а министерот за економија Крешник Бектеши, кој неодамна со поптишување на Меморандумот со НПЖП, уште еднаш ги потенцираше заложбите на Министерството и негови лични како министер за поттикнување, надминување на проблемите и се поголемо финансирање во овој дел од економскиот дел на земјава.

Министерсвото за економија како  институционален покровител на настанот во делот на доделување на наградите за најуспешни претприемачки, според нивите успеси, награда која за прв пат се доделува и секако ќе биде поттик понатаму во развојот на женското претприемништво.

Награди се доделија во категорија на мали и средни претпријатија а нив заслужено ги добија: Семос едукација и директорката и сопственик Валентина Тасева и Ана Христовска од компанијата за градежништво Линди Гроуп. Наградите на наградените ги доделија министерот Бетиќи и претставникот од ЕУ  Jullian Vassallo.

Со онлајн вклучување присутните споделија свои искуста но и желби за понатамошна успешна работа Wendy Diamond, Претседател на Организацијата за денот на женското претприемништво, г-ѓа Virginia Littlejohn  – Претседател и Извршен директор на Quantum Leaps.

Многу конструктивно и сеопфатно беше споделувањето на искуствата, заложбите и напорите за развој на женското претприемништвона Apostolina Tsaltampasi – Претседател на Здружението на бизнис жени СЕГЕ, Претседател на Балканската коалиција на бизнис  жени и Габриела Костовска Богоеска – Извршен директор на Фондација за Менаџмент и индустриско истражување и  WEGATE координатор, кои со своите инспиративни објаснувања збрѕваа за меѓународните искуства и успешни приказни во подршка з аженнското претприемништво.

Поглед кон иднината од аголот на успешни жени претприемачки на присутните дадоа  Г-ѓа Валентина Тасева – Директор на СЕМОС Едукација, Г-ѓа Даница Личенин Блажевска – Сопственик на Рептил маркети и Г-ѓа Васка Мојсовска  – Претседател на Национална федерација и сопственик на Агро-калем –Тимјаник . Тие беа уште еден поттик да се развие плодна дискусија од страна на присутните претприемачки.

Беше презентирана и целосната Програма на овој голем проект Националната платформа за женско претприемништво, од тимот кој стои зад овој Проект Емилија Андонова Мими Петкова-Шушлеска,  координатори за градење на капацитети, Даниела Антоновска Координатор за младински политики, Александар Целески, консултант и Елена Блажевска, проектен координатор и асистент.

Беа доделени две награди од Националната платформа и тоа за: најуспешна млада лидерка и најдобра граѓанска организација со добра праткита кои  најзаслужено отидоа во рацете на  Флорина Џингова од M3DS Academy, млада и успешна лидерка  а  Наградата за најдобра граѓанска организација-добра практика, ја доби организацијата Центар за управување со промени, а  ја прими Јасна Пајковска. Наградите во име на Националната платформа ги врачи претседателката Валентина Дисоска.

Голема заинтересирност поттикна следната Панел дискусија на тема „Програми и инструменти за финансирање на женското претприемништво“ , на која воведничари беа Тања Илијевска- Раководител на Секторот за стратешко планирање, анализа и програми за подршка на приватен сектор во Фонд за иновации и технолошки развој ; Јумин Адеми- државен советник за претоприемништво и конкурентност на малите и средните претпријатија во Министерство за економија, Гоце Георгиевски – раководител на сектор за рурален развој во Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство, Маја Столевска-Костадиновск – Регионален координатор од Меѓународен совет за Западен Балкан во ЕБРД и Игор Андреев-Аксцелетатор, директор на Центарот за истражувања во Вардарскиот плански регион.

Претприемачките имаа можност за отворени прашања и добиваа одговори од одговорените за поедини области. Секако за нив најинспиративни беа Б2Б средбите и работилниците.  Првата работилница на тема “Финансиски менаџмент“  ја водеше  Горан Лазаревски кој е специјалист за  менаџмент, пристап до финансии а за втората работилница: Обезбедување финансии/односи со инвеститори, одговорен беше Игор Маџов кој е инвеститор, претприемач и повеќе од 10 години вклучен во раст и развој на Стартап екосистемот во Македонија и Југоисточна Европа а Б2 Б средбите им дадоа можност за директна размена на искуства и знаења на претприемачките.

Дводневниот Самит за женско претприемништво заврши со сублимирање на најважните заклучоци кои даваат насоки за понатамошни активности на сите чинители вклучени во овој сектор.