Денеска разговараме со Нора Шаќири, јавна личност, ТВ водителка, претприемничка. Од скоро таа е дел од процесот на создавање на новата природна козметика во Македонија Wiwien Natural Skincare.
Еднакви.мк: Последниот епитет го стекна поради најновата иновација на природна козметика, Wiwien Natural Skincare. Како дојде до создавањето на оваа козметичка линија?
Нора Шакири: Создавањето на Wiwien Natural Skincare е резултат на неколкугодишно истражување, испитување и тестирање сѐ до развивање на совршените формулации од страна на докажан експерт во областа на козметичките иновации, а тоа е мојата партнерка. Благодарение на долгогодишното искуство и нејзиниот иновативниот пристап, формулите на Wiwien Natural Skincare поставуваат нови стандарди во природната нега. Во тимот се вклучени и експерти од странство. Со мојата партнерка веднаш се препознавме како личности и соработници уште на нашиот прв состанок и ниту еден миг не помислив за поинаков одговор од ДА. Веднаш почувствувавме дека споделуваме исти вредности и таа автентична поврзаност беше темелот за нашата идна соработка. По тоа прво препознавање, пресудна беше мојата верба во брендот и неговата визија – да создадеме нешто навистина уникатно и иновативно во светот на природната козметика.
Еднакви.мк: Веќе од искуство знаеме дека Gold&Rose Serum е решение за сува кожа со преубав мирис, но какви други производи има во линијата?
Нора Шакири: Gold & Rose Serum веќе докажа дека е вистинско решение за сува кожа, со својата луксузна формула и неодолив мирис. Но, ова е само почеток – во линијата имаме и други ексклузивни производи кои ја надополнуваат негата. Путерите за тело на Wiwien Natural Skincare се високо хранливи и хидрирачки за кожата, а во исто време делуваат на нејзиното затегнување и ја прават исклучително мазна. Пилинзите за тело прават одлична ексфолијација на кожата, а воедно ја чистат на природен начин, ја хранат и покрај тоа што содржат масла и путери во својот состав, по туширање не оставаат масни наслаги, а кожата сепак ја добива потребната масленост. Golden Face Wash Leave In е високо квалитетна природна алтернатива на мицеларна вода која не само
што го чисти лицето, воедно и го хидрира и храни со хидросоли, витамини и протеини и е наменет за сите видови на кожа. Мој фаворит е Golden Raspberry Yogurt кој е луксуз во шише, како по изглед и мирис, така и по својот состав особено за летен период кога кожата бара полесна формулација. Содржи 22 каратно златно, како и останатите производи.
Еднакви.мк: Покрај фактот дека е ова македонски производ, што друго ги издвојува овие производи од останатото што се нуди на пазарот?
Нора Шакири: Нашите производи не се само козметика – тие се искуство. Она што навистина ги издвојува е чувството што секоја жена го има кога ќе ги проба. Од моментот кога ќе го отвори производот, ќе ја освои неодоливиот мирис – сензуален, природен, луксузен. Текстурата е богата и свиленкаста, а кога ќе се нанесе на кожата, веднаш се чувствува нежноста и хидратацијата. Најголемата сатисфакција доаѓа оттаму што нејзината околина ја чувствува промената и енергијата која оваа козметичка линија ја пренесува. Ова не се само производи, туку моменти на уживање, создадени да те натераат да се чувствуваш посебно.
Еднакви.мк: Она што е секогаш најважно за корисниците е квалитетот на производот. Како го гарантирате него, имајќи во предвид дека станува збор за природни производи?
Нора Шакири: Во денешно време се пласира се и сешто, постојат креатори на козметики кои ги користат медиумите за лажен маркетинг, манипулација и ги доведуваат потрошувачите во заблуда. Токму поради тоа што сакаме да ги заштитиме, а воедно и едуцираме корисниците, Wiwien Natural Skincare се изработува по Стандард за природна и веганска козметика. Би сакала да напоменам дека за обезбедување на овој стандард претходат огромни инвестиции и исполнување на високи критериуми од страна на производителот. Податокот што Wiwien Natural Skincare е втора козметичка линија во Европа која се сертифицира по Ecogea стандардот кажува сѐ. Институцијата Ecogea e овластена институција за нашата козметичка линија во Европска Унија.
Еднакви.мк: Каде може да се најдат производите на Wiwien Natural Skincare?
Нора Шакири: Во моментот, производите можат да се нарачаат преку официјалниот сајт www.wiwiencosmetics.com и во козметчките салони со кои имаме соработка, а наскоро ќе се најдат и во нашите хотели, спа центри. Веќе имаме и сериозни преговори и интерес за нашите производи да се најдат и на странскиот пазар.
Најнови коментари