Денес разговараме со Бојана Ацева, претприемничка и основачка на брендот @Chocolatesweetsbojance. Разговараме отворено за предизвиците, мотивацијата и соништата, веруваме ќе уживате во интервјуто.Какви услуги нудите?
Бојана: @Chocolatesweetsbojance е идеја што се роди буквално преку ноќ, а тлееше во мене доста долг временски период. Станува збор за online продавница за чоколадни колачиња, изработени во најразлични форми и големини, полнети со најразлични вкусови. Важно е да се потенцира дека колачињата се исклучиво направени од чоколадо, бидејќи понекогаш доаѓа до забуна, колачиња па се очекува да има и тесто во нив. Формата, големината и бројот се избор на клиентите кои нарачуваат. Исто така, се гордеам што најдов начин да работам со чоколадо со врвен квалитет, но со пристапни цени. Сакам да напоменам дека вршиме достава во Скопје и надвор од Скопје. Нарачките вообичаено предлагам да се прават барем 3-4 дена порано, за да имам време за евентуална корекција.
Принципот на работа ми е следен, откако ќе ја направам креацијата правам фотографија, ја испраќам до клиентот и доколку е во ред пакувам и доставувам, ако има некоја забелешка правам корекција па доставувам.
Еднакви.мк: Рачната изработка на чоколади е навистина предизвикувачки занает. Како се одлучивте токму за неа?
Бојана: Секогаш се восхитував на рачните изработки на слатки. Имам нарачувано еден куп за разни поводи родендени, слави, дипломски итн., кога ќе ја
земев нарачката во раце буквално се топев од убавината што ја гледав и секогаш си викав како го прават ова, како им успева, како имаат живци вака да цртаат толку ситни детали. Со секое подигање на нарачката што ја имав направено ми поминуваше мисла низ глава би можела да пробам, па друга мисла не, не е ова за мене, додека не се наредија коцките, да сакам малку да се опуштам после напорниот работен ден, бидејќи многу опушта овој тип на изработка. Пред само два месеци, буквално станав од спиење со желба да почнам, отидов купив се што ми е потребно почетнички и почнав. За се друго после тој почеток зборува напредокот кој се гледа на фотографиите од изработки на мојот Инстаграм профил @chocolatesweetsbojance.
Работата со чоколади е навистина предизвикувачки и напорен занает, но кога ќе го видам задоволството, реакцијата на клиентите, заборавам на сите предизвици, “маки” и нервози кои се јавиле во текот на изработката.
Еднакви.мк: Кои се најголемите предизвици со кои сте се соочиле досега?
Среќна околност е што соработувам и со слаткарски продавници надвор од регионот па секогаш ми излегуваат во пресрет. Се трудам секогаш да имам залихи на материјали, но знам да имам повеќе нарачки одеднаш и секако се троши купениот материјал но се трудам секој кој порачал да биде задоволен. Еден од најголемите предизвици се секако трошоците, бидејќи сум на почеток вложувам во модли, бои, материјали за изработка, кутии за складирање, но се надевам дека клиентите ќе го препознаат квалитетот и заеднички ќе ги надминеме сите предизвици. Верувајте најголем предизвик е еден Молекуларен Биолог кој работи во својата струка да постигне да прави чоколадни рачни изработки, но успевам.
Еднакви.мк: Што очекувате од новата година, кои Ви се плановите?
Бојана: Во Новата Година планирам да промовирам нови производи, чоколадни изработки за новороденче, родендени, дипломски, Св.Валентајн и особено драго ми е што ќе имам прекрасни изработки за Рамазан Бајрам за што сум и благодарна на мојата најдобра другарка која ме поддржува и подучува што се ми е потребно за овој празник. Асортиманот ќе се шири и дополнително, секако работам и на секојдневна реклама за мојата изработка да допре до што повеќе луѓе, па здравје може ќе дојде и момент кога ќе почнам да размислувам за отворање на своја продавница со многу вработени.
Еднакви.мк: Што би им порачале на младите жени кои се двоумат да започнат сопствен бизнис?
Бојана: Препорачувам на сите млади да не се двоумат, мислат и премислуваат како мене. Ако имате желба обидете се, желбата, упорноста и квалитетот се движечки мотор за да постигнете загарантиран успех. Јас секогаш се водам по израката на Конфучиј: „Секој ден донеси по една кошница земја на едно место и ќе изградиш
планина“…чекор по чекор до успех! И да не заборавиме, шансите не се случуваат, ние ги создаваме.
Сакам да Ви се заблагодарам на ова интервју кое е од големо значење за мене и мојата работа, бидејќи е на само еден ден пред мојот роденден… благодарам за овој пријатен роденденски подарок.
Ова се само дел од чоколадите кои можете да ги нарачате кај Бојана:






Најнови коментари