Општо

Кои се инвестициите и минималните стандарди за заштита од родово засновано и семејно насилство?

Според веќе потпишаната Истанбулска конвенција, државата треба да овозможи и обезбеди основни средства и сервиси за жртвите на ваков тип на насилство.

Токму затоа, ХЕРА, во рамки на Регионалната програма на ЕУ и UN Women „Спречување на насилството врз жените и девојките во Западен Балкан и Турција: Имплементирање на норми – промена на ставови“, направи анализа на потребните ресурси и мерки кои треба да ги преземат соодветните министерства за да се обезбеди ефикасно функционирање на специјализираните сервиси за заштита од родово засновано насилство согласно стандардите на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилство врз жените, вклучувајќи го и семејното насилство, и Акцискиот план за нејзино спроведување (2018-2023).

Според статистиката на Министерството за внатрешни работи, во 2017 година биле регистрирани 903 случаи на семејно насилство, од кои 756, или 84%, биле случаи на семејно насилство врз жени. Од нив, 534 жени, или 60%, биле жртви на насилство од сопруг, партнер или поранешен партнер.

Според истиот,  државата до 2023 година предвидува постоење на национална СОС-линија за помош само на жртви на семејно насилство, десет советувалишта за поддршка на жртви на семејно насилство, во кои жртвите можат да добиваат и бесплатна правна помош и четири кризни центри за жртви на семејно насилство (сместување 24-48 часа) со капацитет од по 20 легла.

Повеќе за ХЕРА на следниот линк и повеќе за анализата на следниов линк.