Општо

Конечно: Половиот однос без одобрување од женската страна законски ќе се смета за силување

“Половиот однос без одобрување од страна на женската страна во Хрватска, оди во историјата и се бриши, казната за силување ќе биде од три до десет години ”- изјави Маја Мамула од НВО “Женска соба”, после состанокот на Здружението за борба против насилство и членовите на владата, пренесува HRT. Се работи за закон кој треба да стапи во сила  на почетокот на 2020 година.

Маја Мамула од НВО “Женска Соба”

Ова е потребен и голем чекор напред во законодавството, каде сексуалното насилство и секој сексуален однос без одобрување од страна на женската личност, треба да се смета за силување. Amnesty International преку нивната анализа заклучува дека според законите во повеќето Европски земји, силување е само кога половиот однос вклучува насилство, закана и присила. Единствено законите во Ирска, Англија, Белгија, Кипар, Исланд, Луксембург, Шведска и Германија го сметаат за силување и случајот кога има полов однос без одобрување.

Резултатите на истражувањете кое го спроведе Евробарометарската комисија во 2016 година покажуваат дека 10% од испитаниците сметаат дека полов однос без одобрување е оправдан доколку жената е облечена ”предизвикувачи”, а 12% сметаат дека ова е оправдано доколку жената е под дејство на алкохолно или наркотично средство.

Моментално, во хрватскиот закон се прави разлика помеѓу силување и полов однос без одобрување. За полов однос без одобрување во член 153, точка 1. во Казнениот закон стои: „Тој што ќе изврши сексуален акт без одобрување на жената, се казнува со затвор помеѓу 6 месеци до пет гoдини.“

Од друга страна пак, во истиот член пишува: ”Тоа дело од членот 152. Ставка 1, што ќе се стори со употреба на сила и закана и ќе го загрози животот или телото на силуваната личност е казниво со затвор од една до десет години.”

Овој закон ќе придонесе за поголема правда за жените жртви на силување. Мамут изјави дека ова се огромни промени за нив како претставници на невладиниот сектор во Хрватска кои работат со жртвите на насилство затоа штo сега, законот праќа јасна порака дека нема повеќе да толерира вакво однесување.