Општо

“Сината девојка”- вечен симбол за слобода

40 години жените од Иран се борат за своите основни права. Според тамошниот закон, нив не им е дозволено да ги гледаат машките спортски настани на стадионите. “Сината Девојка” е досега најголемиот знак на протест против овој закон.

Иранската љубителка на фудбал,
Сахај Кодајари се самозапали откако ѝ се судеше поради тоа што присуствувала на фудбалски натпревар. Таа се самоуби во Техеран, веднаш после одложувањето на нејзиното судење, заради обидот да влезе во фудбалски стадион преправена како машко.

Нејзината приказна ја следеа одблизу Иранците низ целиот свет, користејќи го хаштагот „Сина Девојка“ –  боите на нејзиниот омилен тим, Естеклал од Техеран.

Откако три дена беше во затвор, Сахај беше ослободена со кауција и чекаше шест месеци за нејзиниот судски случај. Гласините велеле дека е најавено таа да добие шест месеци до две години затвор. Таа се запали пред судот и подоцна почина во болница.

На жените во Иран им е забрането да ги следат машките спортски натпревари сѐ од 1981 година. Ова беше привремено укинато во 2018 година кога жените можеа да го следат  life stream-от на Светското првенство на стадионот во Техеран.

Фифа се одзва на ова случување, изјавувајќи: “Ние сме свесни за таа трагедија и длабоко жалиме“. Тие упатија сочувство до семејството
и пријателите на Сахар и ги повикаа иранските власти да стават крај на забраната на жените на стадионите и да загарантираат слобода и безбедност на сите жени кои сакаат да посетуваат вакви настани.

“Сината Девојка “ ќе остане во сеќавање како симбол на болен крик, глас за женските права да бидат чекор поблиску во еден сегмент од правата кои ги уживаат многу други жени низ светот.