Женската убавина денес се чини дека е многу искористена во правец на маркетиншките правила на 21виот век дека физичката сексуалност продава. Насекаде гледаме реклами со слаби девојки, со долги коси кои што позираат со малку облека на нив, рекламирајќи автомобили, дизајнерски брендови, списанија итн.
Мариса Запас живее во Њујорк и е антрополог која создава парфеми и се труди да го промени ова. Таа ги искомбинира овие две свои страсти во занаетчиска колекција на мириси наречена Redamance. Тоа е историски проект што ги поврзува „жените од минатото со жените од денешницата на сензорно ниво“.
После студиите по антропологија, поточно историја на парфемите и како е таа поврзана со историјата на градбата на гробиштата во Француската револуција, Мариса створила уникатен и длабок личен пристап кон мирисите, кој бил инспириран од нејзината желба да носи парфем на баба ѝ Шалимар.
Мариса после студиите продолжила да работи две години како лаборант кај реномираниот производител на мириси Givaudan. Таа го “обучувала” својот нос и тогаш почнала да ја формулира линијата “Redamence”, со идеја дека секој парфем ќе биде миризлив портрет на една жена од историјата која никогаш не го добила признанието што го заслужила. Жените кои ја инспирирале колекцијата на Мариса и по кои се именувани парфемите ги вклучуваат: Алхемичарката Марија, Империја Ла Дивина, Чинг Ших и кралицата Нинга.
Нејзината цел е да ја промени индустријата на парфемите и да го пренесе фокусот на порелевантни, интелигентни и нијансирани начини за прикажување на женската моќност
“Кога започнав со оваа идеја, многу размислував за заборавени женски историски личности” – изјавува Мариса.
Марија била првата алхемичарка од Античка Грција. Таа имала теорија за тоа како металите се репродуцираат, на што се повикувале и Сократ и Карл Јунг, но сепак има многу малку информации за нејзиниот живот. Јас бев фасцинирана од неа “- продолжува таа.
Кралицата Нинга била кралица на Ангола во 17тиот век. Таа била брилијантен воен стратег и не само што се борела во првите редови со своите трупи, туку и два пати ја поразила Португалија, спасувајќи ја Ангола од инвазија. Таа била бескрајно почитувана од нејзиниот народ.
Чинг Ших била куртизана во Шангај во 18 век, се омажила за пират, го презела неговиот брод, патувала 70 пати и станала веројатно најмоќната пиратка во историјата.
“Овие жени покажале начин на живот што сметам дека е многу инспиративен. Тие се бореле и се залагале за тоа во што верувале. Тука почнав да размислувам дека многу од нас се чувствуваат поразени, исклучени и заборавени. Не можев да верувам дека не сум слушнала за ниту една од овие жени пред да го направам истражувањето, а преку Redamance, можам да ги обелоденам нивните приказни и да ги оживеам преку парфеми. Но, уште поважно, јас ја менувам индустријата на маркетингот на парфемите. Се чини дури и во модата и убавината критериумте пополека се менуваат. Се прифаќаат порелевантни начини за прикажување на жените (вклучително и прашањето за универзалното правило на „женственост“). Пазарот на парфеми сеуште е заглавен во претставувањето на жените преку машкото око. Јас вклучувам приказни и слики на жени кои биле казнети поради нивното постоење, но сепак продолжиле и преживеале (и напредувале!). Не само слаби бели жени кои јаваат коњи голи (што е шокантно излишно визуелно рекламирање на парфемите). Приказните за „Редаманс“ не се конвенционално романтични. Мојата надеж? Дека луѓето ќе ги нанесуваат парфемите како извор на храброст, инспирација и да го манифестираат своето “Јас”.
Убавина доаѓа и од внатре. Од духот, интелегенцијата и достигнувањата на една жена. Мариса е една од жените која го сфатила ова и го користи својот талент за да придонесе за зголемување на свеста кај нив, да не гледаат само површно на својата убавина и женственост туку да се внурнат и во својата сензуалност и харизма која привлекува.
Најнови коментари