Општо

Иноваторката на трајниот кармин-Хазел Бишоп

Хазел Гладис Бишоп (17 август 1906 – 5 декември 1998 година )била американска хемичарка и основачка на козметичката компанија Хазел Бишоп. Таа го измислила првиот долготраен кармин.

Бишоп  била родена во Хобокен, Њу Џерси и била едно од двете деца на Хенри и Мабел Бишоп. Нејзиниот татко бил бизнисмен и водел десетина  успешни претпријатија кои вклучувале бројни продавници во Хобокен.  Хазел студирала на колеџот Барнард во Њујорк, првично запишана на отсекот медицина, со намери да стане лекарка. На дипломираната хемичарка во 1929 година, која имала во план да студира на Колумбија Универзитетот ѝ дошол крајот на академската кариера заради падот на берзата што се случил во октомври истата година во Америка.

Од 1935-1942 година, Хазел работела како асистентка за истражување во дерматолошката лабораторија на Универзитетот Колумбија на колеџот за лекари и хирурзи. Во 1942 година започнала да работи како органска хемичарка во компанија за развој на нафта, дизајнирајќи горива за авиони за време на Втората светска војна.

Инспирирана од советите на нејзината мајка да „отвори сопствен бизнис, дури и ако тоа е само штанд со кикирики“, Хазел започнала да спроведува експерименти. Во 1930-тите, таа развила коректор за мозолчиња и ментолирани влажни марамици, кои никогаш не излегле на пазарот. Со цел да се прошири на поширок пазар, таа започнала со експриментирање во својата мала кујна, со боење на бои, масла и стопен восок. Целта ѝ била да направи кармин што не се суши и размачкува, што има долготраен ефект и кој нема да остава дамки на облеката или на чашите. 

Во 1948 година, таа и Алфред  Берг ја основале компанијата “Хазел Бишоп”која била специјализирана за производство на овие долготрајни кармини.  Карминот дебитирал во колеџот Барнард Њујорк во 1949 година и во продавниците во 1950 година. Брендот бил откриен во текот на летото во 1950 година во луксузната стоковна куќа Лорд и Тејлор, каде карминот се продавал по 1 американски долар. Производот се покажал како огромен успех, распродавајќи се на првиот ден од лансирањето и не само тоа туку завзел над 25% од американскиот пазар за кармини. За четири години, продажбата се искачила на 10 милиони американски долари.

Во 1951 година, Хазел станала првата жена што се појавила на насловната страна на “Деловната недела”.

Бишоп била вклучена во мрежата на многу професионални организации; таа била признаена за нејзините чекори во науката од страна на Американскиот институт за хемичари и била активна учесничка во Американското –Хемиско друштво и Друштвото на Жени Инжинерки. Таа по нејзината  смрт станала позната како пионерка во науката и економијата.