Општо

Шест иноваторки на лек против вируси и болести

Последните два месеци се  забележува херојство од невиден размер од медицинските работници во светот, меѓу нив и огромен број на жени медицински сестри, лекарки, техничарки за итни случаи, специјалистки за респиратори, епидемиолози, истражувачки на вируси и волонтерки за испитување на  вакцини –секоја критична компонента за развој на  одбрана против COVID-19. Иако ги забележуваме сега, во овие моменти на потреба, жените со векови биле дел од борбата против некои од најголемите закани по здравјето на луѓето. Еве шест борки на болести, чие истражување одиграло клучна улога во водењето на човештвото од минатите епидемии.

Франсоа Баре-Синуси – СИДА: Кога првите случаи на СИДА биле пријавени во Лос Анџелес во 1981 година, брзиот напредок на болеста дошол како шок за еден свет што бил убеден дека медицината напредувала до тој степен што епидемиите се нешто од минатото. Франсоа Баре-Синуси си поставила задача да ја открие причината за СИДА во јануари 1983 година и до мај, го идентификувала новиот вирус ХИВ како виновник. Таа оттогаш поминала цел живот патувајќи низ светот за да ги координира ресурсите во глобалната борба против болеста која се зголеми од пет познати случаи на седумдесет милиони во текот на четири децении, а за своето истражување ја доби Нобеловата награда во 2008 година.

Изабел Морган – Полио: На почетокот на 20ти век,за време на епидемијата на детска парализа, што ја стави во очај  Америка, Изабел Морган го поминаласвоето време во Џонс Хопкинс Универзитетот, развивајќи вакцина против овој смртоносен вирус.  Морган имала систем што функционирал, но била одвлечена од своето истражување поради брак, пред да може да го заврши својот развој.

Ту Јују – Маларија: За време на 1960-тите, маларијата избувнала во огромни размери. Во Кина, кадешто болеста зафатила милиони луѓе годишно, се активирала програма за пронаоѓање на лек, а во нејзиниот центар била Ту Јују, која изработила програма за систематско тестирање на две илјади можни лекови и била одговорна за техниката што на крајот дозволилапроизводство на артемисинин, кој спасил милиони животи.Ту Јују ја доби Нобеловата награда во 2015 година.

Флоренс Сабин – Туберкулоза: Флоренс Сабин направила толку многу во својата долга кариера што се чини некако малку да се зборува само за нејзината работа со туберкулоза додека била вработена како истражувач во институтот Рокфелер. Таа поставила важни основи за утврдување на биохемијата на болеста и процесите што го одредувале нејзиниот развој. Истражувањето на Флоренс Сабин, било користено од оние кои подоцна развиле практични терапии со лекови против туберкулозата.

Лејди Мери Монтагу – Мали сипаници: Мали сипаници биле едни од најголемите убијци во историјата. Од своето појавување во антиката до нејзиното искоренување во 20 век, тие однеле петстотини милиони животи, а во седумнаесеттиот век убивала 400.000 Европејци секоја година. Со векови немало што да се стори, освен да се седи и да се гледа како луѓето умираат додека Лејди Мери Монтагу, придружувајќи го нејзиниот сопруг дипломат во Турција, забележала локална постапка со која луѓето биле изложени на лесна форма на болеста, за да заразат здрави луѓе со таа иста блага форма, а со тоа инокулирајќи ги против повеќе смртоносната верзија на болеста. Враќајќи се во Англија, таа сторила сé што е во нејзина моќ да го популаризира третманот, вклучително и постапката да се спроведува на свои деца. Осумдесет години, оваа форма на одбрана против сипаници ги заштитувала оние во Англија и Америка кои биле доволно храбри да ги испробаат, давајќи им на овие народи спас. За брзо време се вовеле целосни техники за вакцинирање против оваа болест.

Џенифер Давна – СОВИД-19 (работа во тек): Некои од највозбудливите потенцијални третмани за СОВИД-19 се појавуваат од истражувачки кои користат CRISPR технологија, алатка развиена од Џенифер Давна и Емануел Шарптиер (2009 до 2012) година за точно уредување на генетскиот материјал. Способноста за таргетирање на дел од генетскиот код, воведување на намалување и раздвојување во супститутивен код, има големи импликации за искоренување на генетската болест, а неговата леснотија на користење и достапност несомнено ќе бидат револуционерни во начинот на кој пристапуваме кон медицината. Без разлика дали CRISPR ќе заврши како технолошка метода што го победи COVID-19 или не, тој веќе покажа ветувачки резултати во третманот на генетски болести претходно сметани за неизлечливи.

Во минатото се гледало како жените постојано ги применуваат своите генијални способности за да го спасат човештвото. Кога биле потребни умови и храброст, жените одговориле на повикот и ја докажале својата прецизност во најтешките околности. Тие продолжуваат да го прават тоа, умирајќи за другите да можат да живеат, работејќи сами, парталави и сиромашни за да го надоместат изгубеното време и недоволните ресурси на човештвото, спасувајќи го овој свет.