Општо

Вилма Рудолф- од неподвижно девојче до трократна олимписка шампионка

Вилма Рудолф, трократната победничка на  олимписки златен медал на една Олимпијада, пред да ја освои титулата „најбрза жена во светот“ во текот на нејзиното детство била неподвижна. Нејзините лекари мислеле дека никогаш нема да прооди. Но, таа рекла: „Мајка ми ми рече дека ќе проодам. Верував во мајка ми “. Значи, таму каде што немало надеж, идната спринтерка направила други планови за себе.

Како едно од 22те деца, Вилма била родена на 23 јуни 1940 година во Свети Бетлеем, Тенеси, во едно сиромашно семејство. Таа била родена прерано, тежела само 4,5 килограми, а најголемиот дел од детството го поминала во кревет, борејќи се со разни болести како двојна пневмонија, црвена треска и детска парализа, што предизвикало привремено губење на движењето во левата нога. На 6-годишна возраст, Вилма морала да носи метални протези на нозете. Но тоа не ја спречило од остварување на својот сон.

Со помош на нејзината мајка и нејзиното семејство, Вилма со позитивен начин на размислување ја надминала нејзината парализа. Таа започнала со физикална терапија за да ја врати силата во левата нога, а нејзините постари браќа и сестри секојдневно     ѝ правеле масажи на нозете. После пет години лекување, на шок на нејзините лекари, Вилма ја отстранила металната протеза од ногата и започнала да се движи. Две години подоцна, нејзините браќа поставиле кошаркарски обрач во семејниот двор, а 13-годишната Вилма не само што почнала да игра кошарка … таа била врвна во тоа.

На 16-годишна возраст, Вилма Рудолф го направила своето олимписко деби на Игрите во Мелбурн во 1956 година, како дел од Американскиот штафетен тим 4х100м каде го освоила бронзениот медал. Но, нејзиниот вистински момент дошол четири години подоцна на Игрите во Рим, Италија, во 1960 година, каде станала „најбрзата жена на светот“ и првата Американка која освоила три златни медали на една Олимпијада. Вилма победила на трките од 100, 200 метри и 4х100м и  го рангирала Американскиот тим на прво место, соборувајќи три светски рекорди во овие дисциплини.

Нејзината брилијантна кариера завршила со пензионирањето во 1962 година.  Вилма после тоа работела како тренерка на универзитетот Депаув во Индијана и служела како амбасадорка на добра волја на САД во Француска Западна Африка. Таа им била инспирација на безброј млади спортисти, меѓу кои и на Флоренс Грифит Јоунер, која станала следната жена која освоила три златни медали на една Олимпијада (1988).

Вилма Рудолф починала на 54 годишна возраст од карцином на мозок на 12 ноември 1994 година.

Приказната за оваа жена е неверојатна и кога го читаме ова, тешко е и да се поверува дека едно девојче кое не можело воопшто да се движи , една нога која била парализирана , ќе се избори , ќе стане светски првак во трчање, ќе руши рекорди. Што може да направи еден мајчин збор, една мисла во сосема спротивна насока од реалноста, останува како феномен но и нешто што треба да не води во најтешките моменти и до ден денес.