Анализи

Индекс за родова еднаквост

Индексот за родова еднаквост е уникатна алатка за мерење којашто ја синтетизира сложеноста на родовата еднаквост како мултидимензионален концепт во мерна алатка која е лесна за употреба и лесно се толкува.  Европскиот институт за родова еднаквост (EIGE) ја презел задачата за креирање сложен индикатор којшто ја одразува многустраната реалност на родовата еднаквост и којшто е специфично приспособен на политичката рамка на Европската унија. Овој индикатор се користи за мерење на родовиот јаз во повеќе области (работа, пари, знаење, време, моќ, здравје,насилство и вкрстени нееднаквости. Повеќе информации за Индексот за родова еднаквост можете да најдете на следниот линк Индекс за родова еднаквост .
Извештајот за Индексот за родова еднаквост 2015 ја оценува родовата еднаквост во земјите на Европската Унија од 2005 до 2012 година. Извештајот покажува дека родовата еднаквост останува далеку од реалноста, со само маргинален напредок во периодот меѓу 2005 и 2012 година. Најпроблематични
области за родова еднаквост остануваат во доменот на време и моќ. Распределбата на време за активности за нега останува нееднаква помеѓу жените и мажите. Родовиот јаз во одлучувачките позиции е намален, но жените сеуште претставуваат малцинство во Управните одбори на компаниите. Постигнувањата на жените во образованието се зголемуваат, но напредокот сеуште заостанува поради силната сегрегација и намалување на доживотното учење. Мали подобрувања има на полето на пазарот на трудот, и покрај тоа што родовите нееднаквости во работата го попречуваат потенцијалот за паметен, одржлив и инклузивен раст во ЕУ. Направен е и одреден напредок во областа на добивка и приходи, но останува фактот дека помалите приходи на жените ги прават економски поранливи. Ова се само дел од наодите на Извештајот, а целиот Извештај на англиски јазик можете да го погледнете на следниот линк Извештај-Индекс за родова еднаквост 2015