Интервјуа

Лесли Вотерс, Градоначалничка на Семинол, Флорида, САД

Лесли Вотерс има магистриратура од Државниот Универзитет на Флорида и имаше успешна 29-годишна кариера со Allstate осигурителна компанија за човечки ресурси, за корпоративно управување и за односи со Владата. Лесли Вотерс во моментов е градоначалничка на градот Seminole во Флорида, а служеше од 2009 година и како градска советничка, заменик-градоначалничка и вршителка на должност на градоначалничка. Во периодот 1998-2006, таа служи во Флорида на Претставничкиот дом на највисоките нивоа на законодавното лидерство и е членка на Мешовитата Законодавна Група на жени.
Како основач и претседател на нејзината сопствена консултантска фирма, Leslie Waters Government Relations, Лесли има работено консултантски задачи како низ државата Флорида во САД, така и на меѓународно ниво во повеќе од десетина земји во Југоисточна Азија, Северна Африка, Источна Европа и Африка.
Таа во моментов е асоцијативна професор по политички науки Eckerd Колеџ во Санкт Петербург, Флорида, САД.
Еднакви.мк: Зошто се залагате за родова еднаквост?
Лесли Вотерс: Бидејќи животот ќе биде подобар за сите во светот, ако мажите и жените би биле третирани подеднакво, со почит и достоинство, и еднакви можности.
Еднакви.мк:  Дали некогаш сте биле дискриминирани врз основа на вашиот пол или сте биле сведок на полова дискриминација?
Лесли Вотерс: НЕ. Јас, сепак, не бев избрана за кандидатура или работа поради пол, туку поради моите квалификации во тоа време.
Еднакви.мк: Дали жените се доволно консултирани кога се донесуваат одлуки?
Лесли Вотерс: Во моето искуство, жените се главни носители на одлуки во нивните семејства, и на работа. Имам забележано дека во текот на изминатите години, од жените се бара нивното мислење или да заземат лидерски позиции се повеќе и повеќе отколку во минатите декади. Слушам, па дури и мажи како велат дека, мажите напривија доволна збрка, време е жените да ги преземат работите.
Еднакви.мк: Што мислите дека треба да се промени за подобрување на родовата еднаквост?
 
Лесли Вотерс: Јас секогаш ги учам жените да се фокусираат на себе, да не гледаат десно или лево, или на луѓето низ собата. Жените треба да се концентрираат на подобрување на себеси, да се натпреваруваат со себе, а не на другите. Тоа ќе биде во корист на жените, кога е можно, да се добие колку што е можно повисоко образование и обуки за специјални вештини. Жените треба да се концентрираат на нивното сопствено професионално однесување и појава, а потоа и другите ќе гравитираат кон нив за мислења, совети и помош.
Еднакви.мк: Што ќе биде Вашата лична порака до надежните млади лидерки?
Лесли Вотерс: Да го завршат средното училиште и да бидат вклучени во училишните активности, да завршат високо образование, да најдат работа со долгорочен кариерен потенцијал и да бидат вклучени во професионални организации; да станат експерт во нешто, волонтер во заедницата, да бидат целно-ориентирани, и да развијат добри комуникациски вештини; да бидат мотивирани, чесни, искрени, енергични, позитивни, упорни и посветени на сите обврски кои ќе ги преземат, да работат во насока да имаат успеси како доказ за нивните напори, а потоа се кандидираат за јавна функција.