Текстот на Томас за Хафингтон Пост ме поттикна да размислам дали можеби е во право. Се трудиме да направиме Новогодишни резолуции, роденденски листи и слични други листи на кои ги набројуваме работите кои сакаме да ги направиме за да ни биде подобро и се разочаруваме кога нема да ги реализираме. Можеби е полесно да се обидеме да направиме листа на работи кои ќе ги „оде*еме“, „баталиме“ или „да престанеме да ги правиме“ за да си го разубавиме животот.
„Да се потсетите себеси дека ќе умрете е најдобар начин што го знам за да се избегне стапицата на размислувањето дека имате што да изгубите. Веќе сте голи. Нема причина да не го следите своето срце.” – Стив Џобс
Ова мало потсетување од Стив Џобс ме тера да мислам дека е време да ги отфрлам сите работи кои ме кочат и да почнам да ги правам оние кои ме прават среќна. Но за да си направам време за работите кои ме исполнуваат решив прво да ја направам мојата „батали“ листа:
- пцуење како кочијаш
- угодување на сите што ги знам
- дружба со негативни луѓе или луѓе што ме исцрпуваат
- пушење
- ригорозни диети
- откажување од идеа само заради негативен коментар од некој
- правење се сама
- искачање на места во кои не ми се оди
- ставање на секоја слика и настан на социјални мрежи
- пребрзо или прелесно откажување од некој план
- ставање на моите желби и соништа во втор план
- претпоставување што некој мисли, наместо да го/ја прашам
- садење цвеќиња
- излежавање пред телевизор
- преќутување заради различни причини
- премногу анализирање, наместо носење одлуки
- слушање луѓе кои ме обесхрабруваат, а за кои не сум сигурна дека се добронамерни
- прескокнување летен одмор
- правење работи што не ги сакам, заради други
- избегнување љубовни авантури
- осмислување на секој миг
- нервирање заради други
- седење дома на сончев ден
Која е твојата „батали“ листа? Знаеш ли кои работи треба да ги избегнуваш за да бидеш посреќен/на?
Најнови коментари