Вести

‘’БАЛАНСОТ НА РОДОВИТЕ ВО БИЗНИСОТ – ДА ГО СРУШИМЕ СТАКЛЕНИОТ ТАВАН’’

Здружението на Бизнис Жени и Бизнис Конфедерација на Македонија по повод Меѓународниот ден на жените организираат дискусија на тема ‘’БАЛАНСОТ НА РОДОВИТЕ ВО БИЗНИСОТ – ДА ГО СРУШИМЕ СТАКЛЕНИОТ ТАВАН’’ која е предвидено да се одржи на 08 март 2016 год. со почеток од 10:30 часот во Конференциската сала на Бизнис Конфедерација на Македонија.
Доколку сакате да учествувате треба да го потврдите Вашето присуство на info@abw.mk, најдоцна до 7ми март. Повеќе информации за настанот можете да најдете на следниот линк.