Вести

Комисија за еднакви можности

Комисијата за еднакви можности на мажите и жените на Собранието на Република Македонија денес одржа седница со цел да се одбележи 10 годишнината од донесувањето на Законот за еднакви можности на жените и мажите. На Комисијата се поканети сите поранешни и актуелни пратенички, претставници на Невладини Организации, поединци кои се активни во областа на родова еднаквост.
На Комисијата беше истакнато значењето на користењето на родово сензитивен јазик (пратеник-пратеничка, претседател-претседателка), родовото буџетирање, соработката меѓу жените од различни партии и со жените од граѓанскиот сектор, целосно применување на донесените закони, континуираното јакнење на капацитетите на жените. Беа поздравени позитивните достигнувања во изминатите десет години (усвојувањето на Законот за еднакви можности и Законот против семејно насилство, воведувањето и зголемувањето на квотите за учество на помалку застапениот род, формирањето на Комисии на локално ниво, издвојувањето на пари од буџет за финансирање на шелтер центри и сл.). Едновремено беше истакнато и дека сеуште има уште многу да се работи, како на носење на нови закони и измена на постоечките, така и на целосна имплементација на законите кои веќе постојат, на подобрување на соработката и јакнење на жените.