Вести

Вечери на женски права

Денес започнува 7то издание на „Вечери на женски права“, кое нуди алтернатива на традиционалните прослави на 8ми Март и преку уметноста, ги поттикнува и мажите и жените да размислуваат критички за половата нееднаквост, а ги фали достигнувањата кои биле направени до денес. Претходните изданија на Вечери на женски права го потврдија интересот на јавноста за нови форми на работа за правата на жените и родовата еднаквост.
ВЖП е резултат на соработката меѓу Градот Скопје, Канцеларијата на жените на ОН Скопје, Центар за истражувања и креирање политики, Институтот за родови студии на Филозофскиот факултет при Универзитетот “Св Кирил и Методиј “и Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА од Скопје.
Во продолжение можете да ја видите програмата за оваа недела, а детални информации можете да најдете тука
ВЕЧЕРИ НА ЖЕНСКИ ПРАВА 7-12 март
07 март 2016 година (понеделник) 20.00h. КИЦ Скопје
Изложба: Нераскажаните приказни на суперхероините 3
08 март 2016 (вторник) 09.30-13.00 ч. Хотел Холидеј Ин
Национална конференција за одбележување на
10 годишнината од Законот за еднакви можности на жените и мажите:
„Финансирање за родова еднаквост и Агендата 2030”.
8 март 2016 (вторник) 13:00 ч. КИЦ Скопје
Промоција на преводот на третиот том од едицијата
Историја на жените на западот: “Парадоксите на ренесансата и просветителството” во издание на Филозофскиот факултет во Скопје.
Промотори: Проф.д-р Слободанка Марковска и
Проф.д-р Денко Скаловски

8 март 2016 (вторник) 20:00 ч. Кинотека на Македонија
СЛОБОДНИОТ ГЛАС НА ЕГИПЕТ – НАВАЛ ЕЛ САДАВИ
(The Free Voice of Egypt – Nawal El Sadawi)
Египет, Германија, 2015 г, 52 мин.
Режија: Констанзе Буркард (Konstanze Burkard)
Дебата на тема:
Зошто феминизмот има толку непријатели
9 март 2016 (среда) 18:00 ч. Кинотека на Македонија
ТАНЏЕР ГОЛ (Tanger Gool)
Мароко, Шпанија, 2015 г, 84 мин.
Режија: Хуан Готје (Juan Gautier)
9 март 2016 (среда) 20:00 ч. Кинотека на Македонија
ДА СИ ЈА ЗНАЕШ СЛОБОДАТА (Know Your Freedom)
ОАЕ, 2015 г, 76 мин
Режија: Суприја Шринивас, Галија ал Акили
Дебата на тема:
На две патеки: мажите и жените во спортот
10 март 2016 (четврток) 20:00 ч. Кинотека на Македонија
СОЛИДАРНОСТ ОД ЖЕНСКИ АСПЕКТ
(Solidarity according to women)
Документарен, Полска, 2015, 103 мин.
Режија: Марта Џидо, Пјотр Сливовски
Дебата на тема:
Родовата еднаквост на политичката агенда
11 март 2016 (петок) 20:00 ч. Кинотека на Македонија
АРИСТОФАН ВО ДНОПОЉЕ
(Aristophanes in Dnopolje)
Србија, 2015, 57 мин.
Режија: Наташа Милоевиќ, Небојша Радосавлевиќ
Дебата на тема:
Двојна исклученост: жените од руралните средини
12 март 2016 (сабота) 20:00 ч. Кинотека на Македонија
БОГ НЕ РАБОТИ ВО НЕДЕЛА!
(God Is Not Working On Sunday!)
Германија, Руанда, 2015, 84 мин.
Режија: Леона Голдштајн (Leona Goldstein)