Вести

Родова еднаквост во управувањето

Бизнис Конфедерацијата на Македонија и Здружението на Бизнис жени организираа дискусија на тема “Балансот на родовите во бизнисот-да го срушиме стаклениот таван”. На дискусијата воведни излагања имаа Миле Бошков, Бизнис Конфедерација на Македонија, Даниела Арсовска, Сојуз на Стопански Комори, Валентина Дисоска, Здружение на Бизнис жени и Емили Локвенец, НЕОДАТА. Дискусијата стави посебен акцент на родовата нееднаквост кај менаџерските и раководните позиции во компанијата, како и во управните одбори. На дискусијата беше презентирано и истражувањето направено во рамките на проектот ГЕМА, проект кој ќе се фокусира на унапредување на родовата еднаквост во управувањето. Повеќе информации за проектот има на сликите, а доколку сакате да го потпишете кодексот можете да добиете информации на info@abw.mk
kodeks
ГЕМА2ГЕМА12832465_1041019362612169_719878047419343061_n