Интервјуа

Весна Попоска – девојката што нема ограничувања

Весна Попоска (1988), дипломирала и магистрирала на правниот  факултет „Јустинјан Први“ во Скопје. Од средношколските денови е активно вклучена во невладиниот сектор. Активна е во академската сфера. Била учесник и панелист на бројни конфереции и семинари во земјата и странство.
Еднакви.мк: Вие важите за голем вљубеник во правото, што го докажавте и преку вашиот активизам уште од млади нозе, но и во мометов на Вашата работа како Генерална Секретарка на Меѓународниот Универзитет Визион. Како изгледа да си жена на толку одговорна функција, посебно имајќи предвид дека работата подрзабира секојдневно патување на релација Скопје – Гостивар?
Весна Попоска: Пред се, Ви благодарам на поканата. Да се биде на одговорна функција е предизвик,а одговорноста сама по себе не прави разлика по однос на пол. За жал, за нашето општество не се баш надминати некои стереотипи. Токму затоа, преку се што сум правела сум се стремела да го докажам спротивното. Општествените бариери се рушат со лични преседани.
Да се биде генерален секретар во една инстититуција како што е Меѓународниот Универзитет Визион, како прв Универзитет во Македонија, а и пошироко  кој покрај македонскиот и англискиот е акредитиран и на турски наставен јазик, е пред се огромна чест- и би сакала да му се заблагодарам на нашиот Ректор и на управата, што веруваа во мене и во моите способности. Да, тоа е работа што подразбира многу вложена енергија, многу откажувања и жртви- но сето тоа се заборава кога ќе ја видите поголемата слика. Пред се ние сме тим- градиме нова визија за високото образование, и наметнуваме нови стандарди, со еден збор, создаваме историја. Ништо не може да се спореди со тоа чуство. Лично сметам дека наше на овој свет е само она што сме го дале. Имаме обврска да го оставиме општеството во подобра состојба од таа во која сме го затекнале, бидејќи истото не е наследено од нашите предци туку е позајмено од нашите потомци. А вложувањето во подобар образовен систем е и тоа како добра причина.
Еднакви.мк: Дополнително на работата запишани сте на Докторски студии на Воената Академија , а сте и единствената Македонка која има објавено текст за престижното списание Euroatlantic:think*act*lead како независен безбедносен експерт. Како се справувате со предизвиците на учество во безбедносниот сектор, имајќи во предвид дека тоа сеуште е машки свет.
Весна Попоска: Видете, безбедноста е сепак именка од женски род. Помина времето на фронтално војување. Лично сметам дека феминизмот веројатно ќе биде најдобриот начин да се победи тероризмот. Денес безбедноста е мултидимензионална и мултифокална, а заканите се асиметрични.Сите аспекти мора да бидат застапени за да можеме што повеќе да се заштитиме, а притоа да си ја зачуваме приватноста.
vesna2Како дел од првата генерација на докторанти на Воената академија, можам да кажам дека иако 90% од наставниот кадар и од моите колеги се мажи, никогаш не сум се почуствувала дискриминирана по родова основа.  И тоа многу охрабрува.
Воената академија многу напредуваше во секоја смисла. За многу кратко време пресрасна во регионален лидер и треба да и се даде шанса за понатамошно развивање. Само така ќе има простор и за поголемо сензитивизирање и во оваа област.
Еднакви.мк: Важите и за голема активистка за родова еднаквост. Што Ве мотивира за тоа и зошто сметате дека е важна родовата еднаквост?
Весна Попоска: Се борам и ќе се борам за родова еднаквост, всушност, за секаква еднаквост,  за секој човек да има право целосно да го еманира својот целосен потенцијал. Како сестра на девојче со посебни потреби, многу рано станав свесна за невидливите препреки кои ги поставува општеството кон секој кој е барем малку различен. И сфатив дека токму тоа е најголемата пречка за општествен прогрес. Само опшество кое овозможува еднаквост може да биде праведно општество, а само праведно општество може да биде среќно општество.
Еднакви.мк: Кои се најголемите предизвици со кои се соочувате и како се справувате со тие предизвици, имајќи предвид дека во сите овие активности треба да го вклопите и приватниот живот, семејствово, социјалниот живот? Успевате ли да најдете време за себе?

Весна
Попоска: Предизвици има многу, најчесто од сизифовска природа, кога многу работи на кои не можеш никако да влијаеш те изместуваат од колосек. Но некако треба да научиме да живееме и со нив. Долго време се водев од максимата дека ако се сака се се може. После извесно време сфатив де
ка тоа баш и не оди така. Секогаш кога на една работа ќе и се посветите повеќе, ќе треба да скратите од некоја друга. Можете максимално да ја зголемите својата ефикасност и ефективност, но на крајот денот пак има 24 часа. Затоа многу е важен пристапот и перцепцијата: она што го правите да го правите со максимална љубов и посветеност. И да ги селектирате внимателно приоритетите. Треба да имате добар план, иако vesna1се во животот на крајот се сведува на кризен менаџмент. И најважно од се, да издвоите време за навидум небитните работи- кафе со пријателите, телефонски разговор со родителите. Тие работи даваат енергија за да се продолжи напред. Приватниот живот за жал ми е сведен на минимум, со оглед на професионланите обврски. Но веќе ја привршуваме првата академска година, и си ветив дека од септември ќе биде друга приказна.
Еднакви.мк: Што би им порачале на младите жени?
Весна Попоска: Да не се плашат секогаш да го избираат потешкиот пат во животот, затоа што само така ќе застанат на свои нозе. Да не се плашат да кажат гласно што мислат. Да не се обидуваат да им се допаднат на другите по секоја цена, туку да бидат доследни на себе си. Најмногу од се, би им порачала да бидат повеќе од „високи штикли и црни чорапи“. Почитта е нешто што се заслужува со карактер, знаење и вложен труд. Успехот, доаѓа потоа.