Вести, Мој став

Зошто работата на Реактор за родова еднаквост е важна за демократијата во Македонија

  • Од РОБЕРТ БЕНЏАМИН во Вашингтон
    Македонија ја прогласи својата независност по распадот на Југославија пред 25 години. Многумина мислеа дека Македонија нема да опстои како нова држава. Соседството на земјата беше непопустливо, економијата беше фрагментирана, постоеше мало искуство во демократијата, но и постоеја силни притаени тензии помеѓу мнозинското македонско население и големото албанско малцинство.
    Сепак, Македонија успеа да се справи со овие рани предизвици, почна да работи на новата демократија, и како резултат на тоа постигна напредок на патот кон членство во Европската Унија и НАТОСепак, како и останатите држави од поранешна Југославија, Македонија се соочува со клучниот тест за тоа како да обезбеди соодветно функционирање на демократските закони и институции: како да се негува плурализмот, како да се обезбеди јасна поделба на уставно пропишаната власт и како да се поттикне отчетот на владата пред јавноста.
    Родовата еднаквост е од суштинска важност за Македонија да го помине тестот на демократијатаЕднаквите можности за жените и мажите, особено во политиката овозможува премостување на партиските и етничките поделби кои честопати го кочат напредокот. Родовата еднаквост им служи на новите проблеми, се генерираат нови идеи, се создаваат нови сојузи и се „нарушува“ конвенционалната политика во нејзината основа и тоа на продуктивни и прагматични начини.
    Македонија има родова квота за изборите, закон за родова еднаквост, како и инструменти за вклучување на родовата перспектива, и со сигурност, остварен е голем напредок. Сепак, за да ваквите добивки станат реални и трајни, потребно е спроведување на тие закони, како и да се остане посветен. За да се случи тоа, жените се оние кои треба да го преземат политичкото лидерство.
    Многу често, токму пречките кои треба да се отстранат преку законите, се она што ги спречува жените да го преземат лидерството. Социјалните ограничувања, политичките бариери и економската дискриминација и понатаму се секогаш присутни.
    Поради тоа, НДИ во рамки на нашата работа со Собранието, политичките партии и граѓанските организации, има ставено приоритет на ангажирањето на жените во политичките процеси и промовирање на нивното лидерство како пратенички, градоначалнички и застапници.
    Токму затоа сме горди на нашето партнерство со Реактор. Реактор се служи со технологија и истражувања за да им помогне на жените лидери од различни партии, етнички групи и делови од земјата. Тие се поврзуваат, комуницираат и креираат иницијативи со кои се промовираат жените во политиката, како и јавните политики кои не само што им служат на интересите на жените, туку и на нивните заедници и општеството во целина.
    На крајот на краиштата, родовата еднаквост се постигнува преку политички промени. А политичките промени се случуваат преку воспоставување релации, вмрежување и информирање. Технологијата сега зазема голем дел од тоа. Тоа е токму она што Реактор го прави и затоа НДИ смета дека Реактор има суштинско значење за еднаквоста и демократските процеси во Македонија.
    НДИ ќе го додели грантот на Медлин К. Олбрајт за 2016 на Реактор на 18 мај церемонија на НДИ под покровителство на Медлин К. Олбрајт, каде се слави политичкото лидерство на жените ширум светот.

Превземено од НДИ блог.