Анализи

UNICEF – Анализа на состојбата: Сексуална злоупотреба на деца

Канцеларијата на UNICEF во Скопје во Декември 2010 година објави Анализа на состојбата: Сексуална злоупотреба на деца. Оваа студија беше изработена од страна на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј” – Скопје.
Дел од клучните наоди на студијата се:

  • Официјалната статистика, дава само дел од сликата за сексуалната злоупотреба на деца. Постоечката официјална статистика не обезбедува информации во однос на застапеноста на различни форми на сексуална злоупотреба на деца.
  • Поголем дел од децата кои биле сексуално злоупотребувани се девојчиња. Во 78% од случаите биле вклучени девојчиња, додека, пак, 90% од судските пресуди вклучувале девојчиња. Досиејата од ЦСР покажуваат дека регистрираните деца од женски пол се жртви на повеќе типови сексуална злоупотреба во споредба со децата од машки пол.
  • Иако во вкупната бројка на деца-жртви на сексуална злоупотреба девојчињата се по- често застапени како жртви, момчиња на возраст до 6 години се почесто застапени како жртви на сексуална злоупотреба во споредба со девојчињата на нивна возраст: 24% момчиња наспроти околу 4% девојчиња. Понатаму, со зголемувањето на возраста (по 10 години) ризикот од сексуална злоупотреба се зголемува кај девојчињата. 77% од сите девојчиња-жртви се постари од 10 години, додека 57% од сите момчиња-жртви се на возраст до 10 години.
  • Најголемиот број сторители (93%) биле мажи. Од останатите случаи во кои осудените биле жени, тие жени поретко се осудени како директни сторители, а многу почесто како соучесници или како помагатели на мажите, најчесто во случаите на вонбрачен живот со малолетник.
  • Најголем дел од сторителите (32%) биле на возраст од 18 до 24 години кога го извршиле кривичното дело. Меѓутоа, 27% биле на возраст од 31 до 40 години, а 30% биле на возраст над 40 години кога го извршиле кривичното дело. Во однос на сторителите кои биле на помлада возраст, 9 од нив и самите биле на возраст под 18 години.
  • Речиси половина од сторителите (45%) се во брак, биле во брак или во вонбрачна заед- ница5 . Расположливите податоци исто така покажуваат дека најмалку половина од сторителите биле родители на едно или повеќе деца.

Целосните резултати од студијата, како и нејзините препораки можат да се најдат тука