Вести

„Еден час кодирање“

ЦИКП, ФЕИТ и Град Скопје се приклучуваат на глобалната иницијатива „Еден час кодирање“. На 7-ми декември, 2016г. , со почеток од 13.00 часот на Факултетот за Електротехника и информациски технологии, 35 средношколци/ки ќе работат еден час кодирање на видео-играта „Војна на звездите“.
Зошто? Секој ученик во 21-виот век треба да има можност да научи како се создава технологија. Компјутерската наука ја менува секоја индустрија на планетата. Девојките треба особено да бидат охрабрени да се испробаат во областа на компјутерски науки со цел да се надминат стеротипите дека техничките професии треба да бидат поле кое е доминирано од машкиот пол.