Мој став

РепортерКа-Како Новата година да ви биде поуспешна?

Секој 1ви Јануари ни носи можност да почнеме повторно. Или барем да се обидеме. Можност на различен начин да ги правиме работите, да го смениме начинот на носење одлуки, да станеме онаа личност каква што сакаме да бидеме. Еве неколку работи кои може да ги почнете во Новата година за да направите исчекор кон поуспешна приказна. Да не се разбереме погрешно, не треба сите наеднаш да се обидете да ги правите, доволно е една по една, а некогаш можеби е доволно само една.

  1. Престанете да им ги исполнувате желбите и задоволувате потребите на другите. Ставете ги своите на прво место.
  2. Престанете да се правдате секому и секаде. Доволно е да им објасните само на оние што ви се навистина важни.
  3. Дозволете си да бидете недостапни за другите кога ќе почувствувате дека тоа ви е потребно.
  4. Престанете да мислите дека баш таа една работа (која не можете да ја имате) ви е потребна за да бидете среќни. Ниту една работа, личност или предмет нема таква моќ врз вас.
  5. Заборавете ја идејата дека мора да бидете совршени (и во изглед и во однесување), секој може да направи грешка.
  6. Не се сметајте одговорни за луѓето околу вас. Во ред е да им пружите поддршка и помош, но тоа не смее да ви предизвикува стрес.
  7. Не брзајте на се да изреагирате веднаш, некои работи може и да почекаат.
  8. Не си наоѓајте изговори. Тоа што мора да се заврши, завршете го што поскоро.
  9. Бидете отворени за промени, научете нешто ново годинава, посетете некое ново место . . . .
  10. Волонтирајте. Чувството кога ќе направите добро дело или ќе помогнете некому без интерес е незаменливо.