Започна Глобалниот Самит за жени лидерки 2017 кој се одржува во хотел Мариот, во организација на Сојуз на Стопански Комори на Македонија, Здружение на бизнис жени и Светска бизнис Асоцијација- Македонија.
Глобалниот Самит за жени лидерки 2017, на кој учествуваат околу 300 жени лидерки од земјата и светот, ги обединува жените лидерки кои покажуваат сила и упорност што неизбежно ќе ги доведе до успех во нивниот професионален живот.
Првиот панел на тема “Жените пионерки во менаџирање на промените и креирање на можности го започнаа:
– Н.Е. Маја Иванова, прва дама на Р. Македонија,
– Н.Е. Викторија Хорват, амбасадорка, Р. Унгарија
-Н.Е. Луиза Витон, резидентна координаторка на ОН и резидентна претставничка на УНДП
– Н.Е. Нина Суомалаинен, шефица на Мисијата на ОБСЕ во Р. Македонија
– Н.Е. Маријана Петир, пратеничка во Европскиот Парламент
– Н.Е. Даниела Арсовска, претседателка на Сојузот на Стопански комори на Р. Македонија
Повеќе информации за програмата на Самитот и начинот за учество можете да најдете тука
Најнови коментари