Вести

Глобален Самит на жени лидерки во Скопје

Започна Глобалниот Самит за жени лидерки 2017 кој се одржува во хотел Мариот, во организација на Сојуз на Стопански Комори на Македонија, Здружение на бизнис жени и Светска бизнис Асоцијација- Македонија.

20170217_104404Глобалниот Самит за жени лидерки 2017, на кој учествуваат околу 300 жени лидерки од земјата и светот, ги обединува жените лидерки кои покажуваат сила и упорност што неизбежно ќе ги доведе до успех во нивниот професионален живот.

Првиот панел на тема “Жените пионерки во менаџирање на промените и креирање на можности го започнаа:

20170217_102955– Н.Е. Маја Иванова, прва дама на Р. Македонија,

– Н.Е. Викторија Хорват, амбасадорка, Р. Унгарија

-Н.Е. Луиза Витон, резидентна координаторка на ОН и резидентна претставничка на УНДП

– Н.Е. Нина Суомалаинен, шефица на Мисијата на ОБСЕ во Р. Македонија

– Н.Е. Маријана Петир, пратеничка во Европскиот Парламент

– Н.Е. Даниела Арсовска, претседателка на Сојузот на Стопански комори на Р. Македонија

Повеќе информации за програмата на Самитот и начинот за учество можете да најдете тука