Мој став

Баба ми . . . .

Веќе цела недела се мислев што да напишам за денов. Не сакав тоа да бидат стереотипни муабети, па се решив да оддадам почит на една жена од моето семејство. Тоа е жената која ни остави купишта спомени и срамот дека никогаш нема да бидеме ни до половина колку неа.
Баба ми. Од на татко ми страната.                                            16409743_10154355682921299_1415191279_o
Баба ми ги правеше највкусните кофтенца на цел свет! Однадвор крцкаво запржени, внатре со кромитче и магдоновче, миризливи, мх мх мх, лиги ми течат и во моментов. Ми недостигаат и нејзините киснати пити со праз, приказните за комшиките и маалскиот живот во Чаир, раскажуванките за животот во Скопје во едно друго време.
Жената цел век беше домаќинка. Децата спастрени и мажот угоден, подоцна снаите испочитувани, а внуците истинтрани до немајкаде. Исчистено, зготвено, испрано, испеглано. Таа немаше свој живот, ние и бевме животот.
Ете затоа мојата баба е мојата хероина за овој 8 Март. Чувствував должност на овој ден да напишам нешто за неа. За никогаш да не се заборави трудот на „невидливите“ жени.  За да потсетам на родовите улоги во нашето општество. За да укажам дека на жените им се потребни правата, но неопходна им е и поддршката. За да потсетам на немањето на можности или немање на избори со кои се соочуваат жените. За да поттикнам да размислите. За да и се заблагодарам за ова што сум!
Целиот текст на авторката можете да го најдете тука.
Авторка: Билјана Дуковска … човек … со сите нишани 🙂