Вести

Жени помагаат на жени

На 9ти и 10ти Април „Една Може” организира настан во координација со ФБ групата Хроно Исхрана.
Ова е дел од повикот за настанот: „Хроно пеперутките во својата драматична промена, се ослободија од кожурецот како непотребен вишок. Сите пеперутки чиишто кожурци (гардероба) веќе не ви се потребни или не трпат корекции може да ги подарите. Може да израдувате некој со старата гардероба која не ја сакате веќе, не ви е потребна и да ја подарите.
Гардеробата која е здрава и чиста, а не ви е повеќе потребна, да ја донесете кај нас. Целата гардероба ќе ја донираме во „Една Може”- Организација на самохрани мајки.“

Доколку и Вие имате облека која можете да ја подарите Ве поттикнуваме да земете учество. Повеќе детали за настанот и каде може да донирате ќе најдете на овој линк.