Вести

Вупи Голдберг лансираше производи против менструални болки на база на марихуана

Вупи го објави лансирањето на линија на производи кои содржат марихуана за да им помогне на жените во смирување на менструалните грчеви.
Брендот, наречен „Вупи и Маја“, е соработка помеѓу Вупи Голдберг и експертката за марихуана со седиште во Калифорнија, Маја Елизабет.
Вупи, која е јавен поддржувач на користењето на марихуана, соопшти дека болката во менструалниот период “не е шега”. Според The New Yorker, таа била инспирирана од нејзините внуки кои страдаат од менструални грчеви.
woopy„Производот можете да го ставите во вашата чанта. Може да се намачкате на долниот дел на стомакот и долниот дел на грбот на работа, а потоа кога ќе се вратите дома, може да си направите купка во када за да се впие или да направите чај, а тоа ви овозможува да продолжите да работите во текот на денот.“

Повеќе информации можете да најдете тука