Вести

Промо настан Кане Корзо-заедно за оние кои не зборуваат

EVOLVE UP THE LADDER, ANIMALS MATTER.
#Поканети сте на хуманитарниот промо настан на Граѓанска иницијатива „Кане Корзо“ – Civic Initiative #kanekorzomk

Сите сте #добродојдени на интерактивната презентација која ќе се одржи во Јавна Соба (Public Room) на ден, сабота, 07-ми октомври 2017-та.
Покрај основната презентација ќе има и убава #дружба и #забава, ќе има 3 бенда кои ќе ви свират за да се чувствувате #посебно и#единствено. Ќе има и ДЈ-и.

Учесници:

Светлана Ивановска
Невенка Илиевска Ходак
Жаклина Мучева
Лидија Стефановска
Соња Димовска
Алма Идризи
Марина Станковска
Емили Унева
Ирина Тошева и Ла Дама
Магдалена Чапаровска

Дизајн на кавер: Мартин Рајчин

Мислиме и на најмладите, ќе има и детско катче.

Се надеваме дека нема да го пропуштите овој #несекојдневен настан. Дека ќе бидете наши #ценети #гости и дека сите ние #заедно ќе можеме да им помогнеме на бездомните животни. Вие им требате ним, ние ви требаме Вам, не можеме едни без други. Секоја несебична поддршка е од огромна важност.

– Кој е “Кане Корзо” ?

– Што е “Кане Корзо” ?

“Кане Корзо” е #идеја. “Кане Корзо” е граѓанска #иницијатива, структура, односно иницијатива организирана од самите граѓани по хоризонтала. Граѓаните даваат предлози, сугестии, иницијативи, идеи, а преку одреден дежурен тим од оснивачите, тие идеи се собираат, подредуваат, категоризираат и преку организиран внатрешен и надворешен систем се ставаат на увид кај граѓаните за проверка, преку дискусија и дебата за потребни дејствија, приоритети и следни акции.

#KaneKorzoMK е граѓанска иницијатива составена од #индивидуалцикоја #организирано дејствува и реализира иницијативи, настани и бара соодветни #решенија. Во основа “Кане Корзо” (би требало да) сте сите#Вие, сите #Ние.

* Наместо лидери, “Кане Корзо” има одредени фронтмени кои одвреме навреме, односно по одредена потреба, тема и/или прилика настапуваат во јавност (и на електронски и печатени медиуми).

Секоја иницијатива од индивидуалци, здруженија и организации која е поддржана од “Кане Корзо” во иднина ќе биде означена и поддржана со хаштаг #ApprovedByКанеКорзо 😉