Вести

КАКО ДО ПОГОЛЕМА ПРОДУКТИВНОСТ ВО РАБОТАТА?

Сите ние се мачиме секојдневно да ги завршиме сите обврски и тоа по можност во насока на побрзо исполнување на нашите цели. Еве неколку едноставни совети, кои доколку ги применувате ќе ве направат попродуктивни уште во првата недела.

СОСТАВИ ЛИСТА НА ЗАДАЧИ ЗА СЛЕДНИОТ ДЕН

Фокусирањето на денешниот ден ви помага да ги завршите задачите побрзо, но работата на списокот со задачи за следниот ден ќе ви помогне на два начина. Прво, ќе ви помогне во поставување на приоритетна листа на задачи за утредента. Второ, ќе можете да го исчистите вашиот ум од задачите за кои не треба да се грижите.

НЕ ЈА ПРОВЕРУВАЈ Е-ПОШТАТА ВЕДНАШ

Не трчајте кон телефонот секогаш кога ќе добиете нотификација за нова е-пошта. Новите известувања за е-пошта не ве чинат многу време, но тие ве чинат еден тон на внимание. И потоа морате да работите да го направите вашиот ум спремен за тоа на што се обидувате да се фокусирате.

ДОВЕРБА

Лилиан Стак, експерт за говорот на телото и автор на “Јазикот на телото”, има изјавено за Business Insider дека најдобрата стратегија за луѓето да изгледаат сигурни и моќни во разговорот е да се фокусираат на личноста со која се разговараат и да пренесат преку говорот на телото дека навистина слушаат.

ПАУЗИ

Паузите се многу важни. Паузирање 10 минути за да го разбистрите својот ум може да ви даде доволно ментален поттик за да заштедите 15 минути на евентуален напор. И покрај тоа што може да биде примамливо да се одмори кога ќе завршите со некоја задача, всушност е поповолно да се паузира во средината на сложената задача, бидејќи така лесно ќе го вратите својот фокус.

ИСКЛУЧЕТЕ ГО ИНТЕРНЕТОТ НЕКОЕ ВРЕМЕ

Без разлика колку сте фокусирани или зафатени, интернетот е секогаш искушение. Дури и ако вашите мотивации се професионални, како што се проверка на вашите социјални медиуми или испраќање е-пошта во име на вашата компанија. Постојат одвлекувачи на вниманието на секој агол на Интернет. Значи, исклучете ја вашата интернет конекција на одредено време за да станете попродуктивни.

ЕЛИМИНИРАЈТЕ ГИ ЗАДАЧИТЕ СО ПОМАЛ ПРИОРИТЕТ

Задачи со помал приоритет на вашата листа ќе служат само за да ви го одвлечат вниманието или да ве натераат да почувствувате поголем притисок во текот на денот. Најдете начин да се ослободите од нив. Ако требаат помалку од неколку минути за да се завршат, направете ги. Ако треба подолго, тогаш презакажете ги за завршување на некој следен ден.

ЗАВРШЕТЕ ГИ НЕЗГОДНИТЕ ЗАДАЧИ

Сите ние имаме задачи на нашите списоци што не сакаме да ги правиме. Но, не можеме да ги одлагаме во недоглед. Завршувањето на најлошите задачи може да го исчисти патот за остатокот од денот. Затоа, посветете се на нив. Можеби ќе откриете дека откако ќе започнете, ќе бидете повеќе мотивирани да завршите брзо.

НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ ДА ВЕ ПРЕКИНУВААТ

Проблемот е што секој прекин ќе ја скрши вашата концентрација. Затоа, прво, седнете со луѓето кои очекувате дека ќе ве прекинуваат во текот на денот. Ако треба да завршите итна задача, известете ги дека е со висок приоритет и не им обрнувајте внимание дури ако се обидат да ве прекинат и покрај известувањето.