Вести

Жените на Златен Глобус 2018 ќе одат во црна гардероба

Според US Weekly многу од актерките кои ќе присуствуваат на Златниот Глобус 2018 ќе носат црни фустани како знак на протест против сексуално малтретирање и злоупотреба во забавната индустрија. Првично мала група актерки планирала да ја носи црната боја на гардеробата  во знак на солидарност, но, како што се дознавало за идејата во Холивуд, се повеќе актерки се приклучувале и во моментов 30 планираат да учествуваат.

Ова доаѓа како резултат на еден бран жени кои објавуваат приказни за сексуално вознемирување на работното место, вклучувајќи ги главните играчи во индустријата, како Харви Вајнштајн и Брет Ратнер. Иако сеуште не се познати имињата на актерките кои ќе учествуваат во акцијата, листата на номинирани и презентерки на Златниот Глобус 2018 опфаќа големи имиња како Мерил Стрип, Џесика Частен, Хелен Мирен, Ема Стоун, Никол Кидман, Рис Витерспун и други.