Мој став

Секојдневни Хероини – Снежана Матовска

Во рамки на серијалот „Секојдневни Хероини“ започнуваме со интервјуа на жени кои секој ден прават по некој успех, без да се фалат со тоа. Жени кои се жртвуваат секојдневно за среќата на луѓето околу неа. Жени што се справуваат со различни предизвици стоејќи и секојдневно се борат. Жени кои никој не ги забележува ниту им дава простор да се искажат, а и те како го заслужуваат. Денес разговараме со Снежана Матовска.

Еднакви.мк: Кој момент го сметате како пресвртница во својот живот, односно Ви оставил најголемо влијание во животот?

Снежана Матовска: Раѓањето на децата, особено на второто, кое се роди со Даун синдром

Еднакви.мк: Што мислите дека им е најпотребно на жените во Македонија?

Снежана Матовска: На жените им е потребна поголема еманципација

Еднакви.мк: Кој е најважниот совет што некогаш сте го дале некому?

Снежана Матовска: Биди свој, биди онаков како што се чувствуваш, а не како што другите очекуваат од тебе.

Еднакви.мк: Што би им порачале на одлучувачите да направат за жените во Македонија?

Снежана Матовска: Да им обезбедат пристап во сите сфери, кои на мажите „приридно“ им се достапни

Еднакви.мк: Што би им порачале на младите жени кои се сеуште несигурни во себе?

Снежана Матовска: Да продолжат напред со гордо кренати глави, затоа што секоја една од нив и вреди и може.