Се одржа почетниот состанок на учесниците во проектот „Нови генерации – Зелена иднина“, кој ќе се реализира во текот на месеците Септември и Октомври оваа година. Здружението Мрежа на жени за нови политики МРЕЖА ИДЕМ Скопје ќе го реализира овој проект со поддршка на Град Скопје и во соработка со 20 средни училишта на Град Скопје.

Активностите во проектот вклучуваат интерактивни работилници како прва фаза, а во втората фаза изработка на фото стории со пораки за секојдневните еко-предизвици. Финално ќе се изведе пригодна манифестација за промоција на резултатите од проектот и наградување на училиштата со најдобри фото стории.
Најнови коментари