Вести

Започна проектот „Нови генерации – Зелена иднина“

Се одржа почетниот состанок на учесниците во проектот „Нови генерации – Зелена иднина“, кој ќе се реализира во текот на месеците Септември и Октомври оваа година. Здружението Мрежа на жени за нови политики МРЕЖА ИДЕМ Скопје ќе го реализира овој проект со поддршка на Град Скопје и во соработка со 20 средни училишта на Град Скопје.
1Имајќи ја предвид потребата од едукација на тема заштита на животна средина, целна група на проектот се  ученици и наставници од 20 средни училишта на Град Скопје. Цел на проектот е зголемување на свесноста во насока на подигнување на одговорни генерации кои ќе стекнуваат навики за намалување на загадувањето и изнаоѓање пристапи за зачувување на здравата животна средина.
Активностите во проектот вклучуваат интерактивни работилници како прва фаза, а во втората фаза изработка на фото стории со пораки за секојдневните еко-предизвици. Финално ќе се изведе пригодна манифестација за промоција на резултатите од проектот и наградување на училиштата со најдобри фото стории.