Општо

Истражување- Жените постигнуваат поголеми резултати од мажите во повеќето лидерски вештини

Таканаречениот ” 360 степени фидбек” е процес со кој организациите се самоевалуираат за своите потреби ( да ги отсенат своите вработени и со тоа да ја подобрат ефективноста на својата работаи работата на компанијата). 

Токму ова истражување докажува дека жените кои се на лидерските позиции покажуваат дека се ефективни на повисоки нивоа од мажите и тоа во следниве способности: Превземање на  иницијатива, работење на свое саморазвивање, покажување на интегритет и искреност, развивање на способности меѓу колегите/шките, инспирирање и мотивирање на другите, градење на врски, соработување и тимска работа, поврзување со надворешната бизнис околина, моќно и прецизно комуницирање , анализирање и решавање на проблеми, брзина и иновативност.

Сепак , фактот дека процентот на жени на овие позиции во бизнисот на глобално ниво е многу мал, е разочарувачки.

Мажите кои се на менаџерски позиции ги перцепираат жените како помалку способни на хиреархиско ниво. Тие треба добро да размислат што е тоа што им смета да ги унапредувааат же    ните во своите организации. Очигледно, традиционалното несвесно дека жените не припаѓаат на повисоки функции игра голема улога.  Важно е, тие мажи да земат во предвид дека постојат сериозни еднакво компетентни  кандидатки и да размислат како би им го укажале тоа и би ги охрабриле да бараат унапредување и во својата почетничка кариера.