Општо

UN Women извештај за семејството во денешниот свет 2019-2020

Секое семејство денес има различна идила. Семејната атмосфера е круцијална за девојчињата и жените кога станува збор за оформување на нивните ставови кон своите права. Има средини каде девојчињата растат опкружени со љубов, нега и внимание, но често има и средини каде што нивните права се прекршени, нивните гласови не се слушаат и каде родовата еднаквост не постои.

Извештајот што го направи UN Women се состои од политики како да ги направи човековите права реалност за сите жени и девојчиња, без ралика во каква средина се израснати.

Mинималната возрасна граница за склучување на брак, разводи, старателства, посвојување, често ја дискриминираат жената и така, таа нема моќ да се спротистави. Споменат е и законот каде жената нема подеднакво право на имотот. Потоа, извештајот ја потенцира заедничката одговорност кон неплатената домашна работа, која за жал паѓа непропорционално на грбот на жената. Наведено е и дека жените  се соочуваат со насилство и дискриминација- околу една од три жени доживува физичка или сексуална злоупотреба од својот партнер итн. UN Women потенцира дека во поразвиените земји образованието отвора нови хоризонти за жените кои после школовањето ќе бидат спремни кадри за да можат да работат и ќе имаат независни и лични приходи.

Дискриминаторните семејни права, стои во заклучокот, можат и веќе се менуваат, најчесто како резултат на долгорочни кампањи од страна на жени кои се борат за женските права и нивното влијание врз владата и цивилното општество.

За да се реализира оваа агенда на национално и локално ниво, донесувачите на закони -државите, заедниците, религигиозните институции и јавните служби, кои се грижат за образованието и репродуктивните права и играат голема улога  во поддршката на семејствата и напредок на родовата еднаквост, треба да сфатат дека родовите односи ги овозможуваат или ги кочат правата на жените во семејствата. Преку овие тела UN Women сака и лобира да се применат семејните закони.

Целосниот извештај може да го погледнете на следниот линк