Општо

Магдалена Дел Вале- девојчето со своја феминистичка организација

Магдалена Дел Вале e Мексиканка што живее во САД, која уште на 14 години оформува феминистичка организација.

Кога била во 3то одделение мислела дека феминизмот е доброто однесување на девојчињата во класот едни спрема други. Во 5то одделение мислела дека феминизмот е да се работи многу повеќе, за да се достигне иста плата со мажот.

На свои 14 години ја отвора својата прва феминистичка организација  KidsForShe. Така, работејќи со интернационални партнери гледа како функционира и глобалниот феминизам.

Почетоците биле со превземање на мали чекори. Превземала акција во училиштето, во соседството и на социјалните медиуми, за потоа да се прошири и надвор од САД, поврзувајќи се со “Еднаквоста ја лечи Африка”- организација од Уганда како нејзин глобален партнер.

Работејќи со девојчиња од Уганда, сфатила со колку поголеми потешкотии се соочуваат тие. Брутална родова нееднаквост, биле силувани, им бил пренесуван ХИВ вирусот и биле отфрлани од страна на нивните семејства.

“Работејќи со деца од Уганда и од Мексико сфатив дека феминизмот треба да се прошири што повеќе, за да ги штити сите жени во светот. Треба да се искористат социјалните алатки за да се допре со повеќе организации и да се научи како да им се помогне на што повеќе девојчиња”- вели Магдалена.