Општо

PAGE – Пакистанска Алијанса за Едукација на Девојчиња

PAGE e Пакистанска Алијанса за Едукација на Девојчиња која работи во областа на родовата еднаквост за девојчињата во образованието, вработувањето, правата и нивните лидерски способности.

Оваа организација цели да го имплементира законот за образование за сите деца на возраст од 5 до 16 години, да им даде рамноправно образование на девојчињата со тоа што воспоставува системи во училиштата каде се школуваат и машки и женски деца, со тоа што им овозможува на девојчињата подеднакво учество во заедницата, како и менторство и кариерно советување. Алијансата го подобрува училишниот систем, квалитетот на учење и квалитетот на едукативните материјали, со тоа што стимулира иновации и технологии во едукативнот сектор.

Оваа иницијатива потекнува од Светскиот конгрес на Муслимански Филантрописти во 2013 година, кога се одржа Светскиот Самит за Образование во Доха, Катар, на кој зедоа учество врвни лидери од јавниот и приватниот сектор на образование на Пакистан.

PAGE на Доха Самитот

Нивната мисија и визија е да ја трансформираат моменталната состојба на образованието за женски деца во својата земја со носење на културни и политички реформи кои ќе придонесат за меѓусебна почит и позитивни перспективи за девојчињата во Пакистан. “Ние ќе бидеме катализаторите за системски иновации за да помогнеме образованието во Пакистан да биде во тек со 21виот век “- изјавуваат од PAGE.