Општо

Кулсон Фатима – првата жена офицерка во Пакистан која решила 200 случаеви за силување во 60 дена

Првата жена офицерка во станицата во областа Пакпатан, Палестина, Кулсом Фатима, истражила 200 случаеви за силување во само 60 дена. Повеќето од решените случаеви ги ставиле силувачите позади решетки.

Фатима беше назначена за офицерка пред 2 и пол месеци. Но, таа се стремела да го осуди ваквиот тип на криминал веќе три години, сето тоа откако била назначена за помлад инспектор. Во овој краток период таа покажала огромен успех.

Во интервју за BBC, Фатима изјавила дека инциденти каде малолетни девојчиња биле силувани, ја правеле многу вознемирена, но во времето кога не била на функција таа неможела да стори ништо за тоа.” Мојата лутина и зборови неможат да ги заштитат тие девојчиња”- вели таа.

Одкога ги положила потребните испити, била назначена за помлад инспектор во Полицијата на Пунјаб.  “Бев назначена за позицијата што секогаш ја сакав.”-вели Фатима.

Полицискиот офицер Ибадат Нисар изјави дека назначувањето на жени офицерки ќе помогне во донесувањето на правда меѓу народот во Пакистан.