Општо

Стејси Кунингам – од практикантка до прва претседателка на Њујоршката берза

Пред 25 години, Стејси Кунингам почнала на летна пракса на Њујоршката берза. Во тоа време , имало само неколку жени помеѓу стотици вработени мажи. “ Женскиот тоалет  беше мал како кутивче, а машкиот беше цел апартман “ – рекла таа. Wall Street има историја на родова нееднаквост и во неговото 227 годишно годишно постоење, жена прв пат добила позиција да води со берзите во 1967 година. Тоа била Муриел Сибер која ја добила оваа позиција откако била одбиена од 9 мажи.

“Јас бев жена на берзата и никогаш не размислував за тоа- никогаш не помислив ни за момент дели тоа може да се случи или не, или дали тоа е возможна позиција за мене како жена” – вели Стејси. “Ова е се благодарение на Муриел. Таа го проби патот. Мислам дека е многу важно да се препознае кога жената ќе ги помести и редефинира  границите, таа со тоа отвара пат за сите што ја следат”- изјави Кунингам после нејзиниот прв состанок како прва претседателка на Њујоршката берза.

Таа немала план да работи во полето на финансиите. Студирала машинско инжeнерство во времето кога била практикантка на берзата. После 9 години работа на берзата, решила да се запише на отсекот за Кулинарство во Њујорк. После завршувањето на студиите работела во кујна и изјавила дека како и на берзата, во кујните е хаотично, агресивно и местото е доминирано од мажи.

Во 2007 година таа се вратила во водите на финансиите и после три години добила поголема функција на берзата. Кога била прашана што мисли за оваа позиција изјавила дека доколку некој има план да има кариера што ќе го/ја води нагоре, има многу отворени опции. Кога била прашана за нејзиното назначување како претседателка на Њујоршката берза таа изјавила “ Само им ставив на сите до знаење каде стојам и бев испочитувана за тоа. Не велам дека сите жени ќе го имаат ова искуство, тие може ќе бидат игнорирани. Јас ја повлеков линијата и имав среќа што луѓето стоеја зад неа.”