Општо

Симон Билс стана најнаградувана женска гимнастичарка

Гимнастиката како дисциплина  се изведува на Олимписките игри уште од 1896 година. Американски женски гимнастичарки учествувале на сите Олимписки игри уште од 1936 година, освен во 1980 година.  Вкупно 83 женски гимнастичарки ги претставувале САД и имаат освоено 48 медали на Олимпијадата


Симон Билс – најдобрата гимнастичарка, официјално стана најнаградуваната женска гимнастичарка во историјата, откако го освои својот 21-ви медал на Светското првенство во Штутгарт, Германија. (Со оваа победа таа го сруши рекордот на пензионираната гимнастичарка Светлана Хоркина, која имаше 20 медали)

Симон едноставно не запира. Таа има само 22 години и како да не беше доволно, од 21 освоени медали,  15 се златни. Исто така, тоа се најмногу златни медали досега во историјата на гимнастиката. Победникот се прогласува со пресметување и споредување на вкупните оценки на сите гимнастичарки-учеснички. Минататата година на Олимпијадата во 2018 година во Доха, Билс донесе дома шест медали. Резимирано-таа донесе медал дома од секој можен настан.

“Мојата цел вечерва не беше да бидам најсилна “, рече Билс, „Не требаше да се одвива одлично, требаше само да биде добро и чувствувам како да го постигнав тоа“.

Подвизите што таа ги направи се очекува да бидат именувани по неа, откако управувачкото тело на Федерацијата на меѓународна гимнастика ќе даде дозвола за тоа.

Подвизите на Симон Билс само уште еднаш докажуваат дека жените можат да бидат успешни доколку немаат бариери.