Општо

Нобеловата награда за економија по втор пат во рацете на жена

Нобеловата Меморијална награда за економски науки, попозната како Нобелова награда за економија е награда за извонредни придонеси од областа на економијата  и генерално се смета за најпрестижна награда за таа област.

Оваа година таа отиде во рацете на Професорката Естер Дафло заедно со нејзиниот сопруг Абихит Банерје и Мајкл Кремер. Нивната работа „драматично ја подобри нашата способност да се бориме против сиромаштијата во пракса“, изјави Кралската Шведска академија на науките, која ја доделува наградата.

Естер Дуфло изјави дека е среќна од нејзиниот успех во освојувањето на годинешната Нобелова награда за економија и се надева дека ќе инспирира многу, многу други жени.

„Покажувајќи дека е можно жената да успее и да биде признаена за тоа, се надевам дека ќе инспирирам многу други жени да продолжат да работат и многу други мажи да им дадат почит на жените која тие ја заслужуваат“, рече таа.

Сопругот на проф. Дафло беше нејзин ментор и нивната работа се фокусираше на сиромашните заедници во Индија и Африка. Нивното истражување помага да се покаже кои инвестиции вреди да се направат, преку откривање на тоа што има најголемо влијание врз животот на најсиромашните луѓе. На пример, нивното истражување во Индија  открило дека вработување на наставници со краткорочни договори, кои би биле продолжени доколку работат добро, ќе доведе до значително подобри резултати кај студентите.

Професорката Дафло која работи на Massachusetts Institute of Technology (MIT) во Америка е втора жена која ја освојува Нобеловата наградата за економија, од нејзиното започнување во 1969 година. На 46 години, таа е исто така најмладиот добитник на наградата.

Нејзиното искуство покажува дека старосните граници не важат доколку сте навистина решени да постигнете нешто.

Првата жена што ја има добиено оваа награда е Елинор Клер „Лин“ Остром ( 7 август 1933 година – 12 јуни 2012 година). Таа беше Американска економистка и правничка  чија што работа беше поврзана со Новата институционална економија и обновата на политичката економија.  Во 2009 година, таа беше наградена со Нобелова меморијална награда за економски науки за нејзината анализа на економското управување во заедниците.