Општо

Марија Монтесори- педагог, феминистка и докторка- жена за пример

Марија Монтесори била италијанска докторка, феминистка, образовна работничка, педагог и филозоф, родена во 1870 година. Позната е по својот образовен систем ” Монтесори “, кој се однесува на воспитување на децата од самото нивно раѓање. Нејзиниот образовен метод и ден денес е применет во големиот број државни и приватни училишта ширум светот.

Марија Монтесори е родена во Кјаравал, во провинцијата Анкона во Италија. Нејзиниот татко Алесандро бил сметководител, а мајка ѝ, Ренилде Стопани, исто така била добро образована жена и искажувала љубов кон книжевноста. Кога Марија имала 5 години, цело семејство се преселило во Рим, каде што по завршувањето на основното училиште, продолжила со школување на регионалниот технички институт ” Леонардо да Винчи ” со намера да стане инжињерка. Во тоа време, кога жените во главно се занимавале со друштвени науки, ова не било вообичаено. До матурата нејзините желби се измениле, таа сакала да се запише на медицински факултет. Иако нејзините родители ја наговарале да почне да се занимава со образовна работа, односно да стане наставничка во училиште, таа цврсто се држела до својата желба да стане докторка. Меѓутоа на медицинскиот факлутет сите биле момчиња и Марија била одбиена. По неуспешниот разговор со професорот, таа не се предала и  му одговорила: „Јас знам дека ќе станам докторка”.

Монтесори успешно се запишала на универзитетот во Рим, на одделот за физика, математика и природни науки, каде што  по две години дипломирала. Сепак и таму се соочила со проблеми заради фактот што била женско. Иако постојано добивала повисоки оценки од повеќето нејзини машки соученици, Марија морала да биде придружувана до и од универзитетот од страна на нејзиниот татко, бидејќи не било општествено прифатливо една жена сама да оди во јавност. Слично на тоа, таа морала да чека надвор од салата за предавања сè додека не седнат сите нејзини машки соученици пред таа да седне,  затоа што не смеела да комуницира со машките. Подоцна со нејзината диплома, без проблем се запишала на медицинскиот факултет на Универзитетот ” Ла Сапијенца ” во Рим.

После дипломирањето во јули 1896 година, Монтесори се вработила во болницата ” Сан Товани ” во склоп на тој универзитет . Истата година добила покана да ја претставува Италија на Меѓународен конгрес како прва жена која со својот говор ги застапила друштвените реформи според кои жените треба да имаат исти права како и мажите. Новинарот кој известувал за конгресот ја прашал како пациентите реагират на женска докторка, таа одговорила ” Тие осеќаат кога некој се грижи за нив.” . Во ноември 1896 година е примена како асистент во болницата ” Санто Спирито ” во Рим. Таму работела со сиромашни луѓе, најчесто со деца. 1897 година доброволно пристапила на истражувачката програма во психијатриската клиника на универзитетот во Рим.

Марија Монтесори сеуште служи за пример како може една жена да се бори за своите права и за правата на другите жени и тоа во 1800тите години, кога жените биле изложени на огромна дискриминација во сите полиња.