Општо

Мирта Муноз ја совлада “Смртната Трка”

Велосипедската “Смртна трка“ во Боливија може да изгледа чудно место за натпревар на 70 – годишна жена. Но Мирта Муноз успеа да ја совлада трката.

Најопасните патни спирали во светот, високи скоро 3.300 метри, минуваат низ низинските џунгли на земјата сѐ до врвовите на снегот на Андите. Магла, дожд, карпи, се главни атракции на овој пат кој досега има однесено илјадници животи.

70-годишната  Мирта Муноз, досега најстарата конкурентка во 60-километарската трка во Боливија, се вклучи во ова екстремно натпреварување во велосипедски трки и ѝ беше природно продолжување на борбата што ја почна пред неколку години кога нејзиниот син неочекувано почина. Муноз почна да се бави со велосипедизам по советите од нејзиното семејство и  нејзиниот психолог после оваа трагедија.

„Психологот ми рече – велосипедот може да ми помогне да ја преживеам болката и да се преродам“, изјави Муноз. „Тоа е вертикално искачување, одите нагоре и нагоре и нема одмор“, рече таа за Ројтерс по завршувањето на трката.

Муноз е една од основачите на трката и вели дека ужива во возење по полесни патеки заедно со  нејзините шест внуци, иако признава дека се надева дека најстариот внук, кој наскоро ќе наполни 18 години, ќе ги следи нејзините подвизи.

Една ваква трагедија за жена, мајка која изгубила син, можеби е најтешката загуба што може да ѝ се случи на една жена. Мирта Муноз е доказ за сила, борба и непредавање без разлика колку животот може да е суров кон една мајка.