Општо

Елизабет Меги – креаторката на познатата игра Монопол

Низ историјата, подвизите на жените биле занемарувани, заборавени или избришани од мажите кои сакале да се пофалат за своите идеи. Ова е една од тие приказни. Овој пат сатанува збор за познатата игра Монопол.

Монополот првично бил дизајниран од жена- Елизабет Меги, која  регистрирала патент за играта во 1903 година. Таа најпрво била наречена „Играта на сопственикот“, но имала многу сличности со денешниот Монопол. Постојат квадрати од сите четири страни и затвор во еден агол. Меги аплицирала за друг патент во 1924 година за ажурирана верзија на играта. Во 1935 година, таа го продала правото на играта на Parker Brothers за 500 долари. Компанијата тогаш започнала да ја продава играта со приказна за тоа како продавачот Чарлс Дароу ја измислил играта во неговиот подрум, за го издржува  своето семејство.

Пред еден месец креаторот на игри Хасбро ја претстави новата верзија на играта : “Г-ѓа Монопол„. Играта е натпревар со кој се прославуваат жени со сопствени издигнувања и успеси“. „Г-ѓа. Монополот е создадена да ги инспирира сите, млади и стари, бидејќи ги промовира жените кои поместиле граници и постигнале успеси. Наместо да купуваат земјишта, куќи и згради, играчите купуваат важни пронајдоци и иновации овозможени од жените низ историјата. Г-ѓа Монопол промовира капиталистички поглед на светот како рамка за зајакнување на жените. Од пронајдоци, како WiFi, до колачи со чоколадо, соларна енергија и модерни лампи, Г-ѓа Монопол слави сè, од научни достигнувања до секојдневни додатоци – сите создадени од жени“, се вели во изјавата  од Хасбро.

Историјата крие многу важни факти за храбри, иновативни жени. Со малку истражување можеме да ги пронајдеме информациите кои ќе ја обелоденат вистината, а тоа во овај случај е дека играта Монопол е создадена, смислена и креирана од жена.