Општо

Нов тренд на Барби- кукли со професии

Со цел  да се инспирира следната генерација на девојчиња , National Geographic и Mattel излегуваат со нова линија на познатиот бренд Barbies кои се инспирирани од научните полиња: науката, зачувувањето на природните ресурси и истражувањето.

Колекцијата се состои од  кукли кои имаат кариери во полиња во кои жените се недоволно застапени, вклучувајќи: Конзерватористка за животински свет, астрофизичарка, поларен морски биолог, фоторепортерка за диви животни и ентомолог. Сите играчки ќе бидат авторизирани  од советот на жени од National Geographic.

По минатогодишното лансирање на роботичката инжиниерка Барби, овој бренд кој е стар веќе 60 години, покажува континуиран напор  да остане релевантен на пазарот и ги полни своите полици со поинклузивни и разновидните видови за кукли, одкога сфатил дека повеќето деца бараат и си играат со дигитални апликации и гаџети. И ова функционира. Според „Блумберг“, вкупната продажба на „Мател“ паднала во текот на 2018 година, со исклучок на марката „Барби“, која забележала двоцифрени зголемувања на приходите за годината.

Во соопштението за компанијата, Лиза Меккејн, генерална директорка на марката Барби, изјави: „Барби и National Geographic  претставуваат комбинација на моќ и нашата заедничка креативна работа им овозможува на децата да го истражуваат светот и различните полиња во кариерата токму во нивните домови “.

Останува да се види дали со ова нестандарно облекување на Барби,  таа ќе продолжува да се овековечува. Само времето ќе покаже дали овој вид репрезентација доведува до тоа повеќе девојки да покажуваат интерес за работни места во овие области … ако е така, тоа би било одлично!