Општо

Ема Вотсон- амбасадорка на добра волја

Британската актерка Ема Вотсон беше назначена за амбасадорка на добра волја на ООН во јули 2014 година. Успешната актерка, хуманитарка и диполомец на универзитетот Браун на отсекот Англиска книжевност, ги дава своите напори за зајакнување на младите жени и служи  како застапник за кампањата на ООН за жени HeForShe за промовирање на родовата еднаквост.

На само 24 години, Ема веќе неколку години беше вклучена во промовирање на образованието на девојчињата и претходно ги посети Бангладеш и Замбија, како дел од нејзините хуманитарни напори. Таа работеше на промовирање на фер трговија и органска облека и служеше како амбасадор на Камфед Интернешнл, движење за едукација на девојчиња во рурална Африка.

Во 2012 година, Ема беше почестена со наградата  Calvin Klein Emerging Star Award која се појавува на ѕвездите на ЕЛЕ во холивудските награди, а во 2013 година беше наградена и со наградата „Трајблајзер“ на MTV Movie Awards и на наградата GQ Woman of the Year.

Таа со помош на својот интернационален успех на филмското платно успева да помогне онаму каде што е најпотребно. И во Македонија имаме многу вакви примери и ова нека е само поттик за сите останати да се вклучуваат во вакви акции и кампањи.