Општо

Сара Литл Турббул- иноваторката на заштитната маска за лице

Многу малку се знае кој прв ја создал заштитната маска за лице без која денес цела светска популација неможе да функционира.

Може да се каже дека сѐ во животот на Сара Литл Турббул било направено и поврзано со дизајн. Родена во 1917 година, таа била најмладата во сиромашно имигрантско семејство од Русија, која се борела  да створи нов живот во Бруклин, Њујорк. Нејзината мудра и сакана мајка, ја научила Сара да ги види чудата што постојат во обичното. Нејзините рани лекции по дизајн започнале со
формите и боите на храната со кои мајка ѝ на Сара ги хранела своите гладни деца. Таа правела совршени облици од јајцата, тенки прстени од кромид и ги декорирала оброците според боите на зеленчуците и овошјата.

Од рана возраст, борбата за опстанок ја натерала Сара секогаш да прашува
„Зошто?“ Оваа постојана нејзина љубопитност ги обликувала нејзините избори за тоа како таа го живеела нејзиниот живот.

Од градник до медицинска маска

После факултетот, Сара станала уредничка за дизајн на списанието House Beautiful. Држејќи ја таа позиција скоро 20 години, таа помогнала да се дефинира американскиот животен стил.

Во 1958 година, Сара го напуштила издавачкиот бизнис, за да го отвори Sara Little Design Consultancy. Нејзината инспирација блеснала  и таа продолжила да експериментира, смислувајќи и тестирајќи  подлога за рамото на нејзината драга пријателка Адел Симпсон, која била  омилената модна дизајнерка на неколку први дами.

Само неколку месеци откако била ангажирана, високиот менаџмент ја побарал Сара  да направи презентација пред директорите од различните оддели во компанијата. Во својата презентација, насловена „Зошто?“, Сара смело ги истакнала причините зошто  треба да го развива овој бизнис, покажувајќи
како нивната обликувана технологија може да се искористи во бесконечни можности за производство. Таа претставила над десетина големи категории на пазарот и 100 оригинални идеи за производи, како и воведување на клучни контакти за унапредување на овие нови производи и пазари. Тие биле заинтригирани од нејзините идеи и веднаш ја ангажирале Сара да работи на украсна корпа за градник. Од тоа таа преминала во изработка на дизајн за еднократна, леана неткаена медицинска / хируршка маска која, била инспирирана од многуте часови што ги поминала во болниците каде биле сместени нејзините блиски болни членови на семејството. Со оглед на нејзината подготвеност за признавање на обрасци и за поврзување помеѓу навидум неповрзани предмети, не е изненадувачки што градникот и медицинската маска се многу слични во форма. Така работел нејзиниот ум.  Ова откритие подоцна го иснпирирало развојот на неткаен текстил за филтрирање на нафта.

На крајот било откриено дека „медицинската“ маска со нејзините иновативни ленти за уши не може да ги блокира патогените бактерии.
Но, тоа не го спречи иновативниот дизајн да се менува во сеприсутната маска за
прашина и на крајот да се врати во медицинска употреба со маската N95 што ја гледаме денес.

На прашањето за нејзината улога во дизајнот на маската, Сара рекла: „Направив голем број работи. Отворив  прашања во лабораторијата, прашања поттикнати од моето искуство. Се однесував како катализатор што ја спојуваше најновата технологија на неткаен материјал. Јас имав насока, дадов насока “.

Успешните производи што постојат денес, створени или инспирирани од Сара  како и милијарди долари што беа направени од нив, започнале токму со нејзиното прашање „Зошто?“