Општо

15 работи што можете да ги направите додека сте во карантин.

Темпото со кое живеевме пред да се случи самоизолацијата и карантинот не толку ни дозволуваа да можеме да си посветиме време на самите себе. Сега, кога условите се вакви, односно, сме дома повеќето од времето, има многу работи коишто можеме да ги направиме за кои можеби не сме стигнувале да ги реализираме а сме сакале. Еве некои од нив:

 

1.Започнете блог. Секако, може да се работи за коронавирус, но може да биде и за специфичен интерес , како на пример за  шах или сирење. Вашиот избор
е неограничен.

 2. Ако тоа нема да им пречи на соседите: Избришете ја прашината од вашиот стар инструмент и вежбајте. Тоа ја облагородува вашата душа.

3. Изгледајте ги филмовите кои освоија или беа номинирани за Оскар. Створете услови во дневната соба, на пример со ќебиња, пуканки , сијалички и поминете  пријатни вечери пред телевизорот.

4. Медитирајте.  Обидете се да легнете со затворени очи, дланки нагоре и фокусирајте се на здивот. Поминете 20 минути седејќи вкрстено и повторете смирувачки збор за себе во главата.

 

5.Маски за лице, навлажнувач… Направете си рутина од неколку чекори за нега на кожата за која немате време во една нормална работна недела.

6. Користете го Skype, FaceTime, Google Hangouts или Zoom за да разговарате со вашите пријатели кои се можеби подалеку од вас или пак неможете да ги видите заради социјалната дистанца овој период.

 

7. Пробајте ги online видеата со аеробик, фитнес или  јога. Превземете ги апликациите и вежбајте дома.

8. Одвојте време да размислите: Што постигнавте во минатата година? Кои цели би си ги поставиле пред себе кога ќе заврши пандемијата?

9. Направете списоци на сите театарски претстави, спортски настани и концерти што сакате да ги посетите кога конечно ќе почнат да се одржуваат.

10. Разместете го мебелот за  вашиот дом, за да изгледа како  тотално различен простор.

11. Направете финансиски план како на пример,  дали да го рефинансирате
вашиот заем или начини да заштедите повеќе пари.

12. Научете нов јазик.

13. Направете список на работи за кои сте благодарни што ги имате.

14. Аплицирајте за нова дополнителна работа. Сега имате online работно искуство и можете да заработите повеќе пари.

15. Наспијте се.