Општо

Училиштето Streetlight во борба со Корона вирусот

Наставниците се соочија со големи предизвици во пресрет на КОВИД-19. За над 90% одсветската студентска популација, училиштата се затворени. Од околу 1,5 милијарди погодени ученици, 320 го посетуваат Streetlight училиштето во Јоханесбург, Јужна Африка.

Ова е училиштето предводено од Татенда Мафодија, заедно со 18 наставници, посветено на обезбедување висококвалитетна настава за учениците од незаштитените заедници во Јужна Африка.

„Кога започна карантинот, ги печатевме материјалите за учење, но имаше прекин на електрична енергија. Можевме да испечатиме и да им поделиме материјали само на неколку родители“ вели Татенда.

Streetlight никогаш не потклекнало на ниеден предизвик. Отворено во 2016 година, нуди ригорозен и експанзивен наставен план, во кој се вклучени јога и кодирање, дозволувајќи им на своите ученици да бидат до две години понапред од нивните колеги од Јужна Африка. Тие одат над и подалеку, обезбедувајќи храна, униформи и воннаставни програми за ученици со ниски приходи, по нивната реална цена (или бесплатно). Часовите започнуваат во 7 часот наутро секое утро и завршуваат во 17:00 часот, дозволувајќи им на родителите да одат на работа сигурни дека нивните деца учат и се безбедни.

Пандемијата принуди брзо експериментирање. Училиштето се насочи кон Whatsapp, формирајќи групи за секое одделение предводени од тим-лидерите.

„Ние се осигуруваме дека нашите наставници даваат конкретни упатства и белешки, за да им помогнат на родителите да ја разберат наставата“, вели Татенда. „Учениците испраќаат слики од екранот, од нивната работа до наставниците, а потоа наставниците даваат значајни повратни информации“.

Но, не сите ученициги користат групите, некои немаат пристап до телефони,
некои дури и не се со нивните родители. За родители како што се работници/чки во
продавници, затворањето на училиштата значело дека нема да има кој да сегрижи
за децата, така што тие ги пратиле да останат со своите роднини во руралните
околни области.

„Ние им помагаме на многу ученици, оние чии родители можеби нема да имаат
работа сега“, изјавува Татенда. „Тие страдаат, принудени се да избираат помеѓу
купување храна или учебници, за нивните деца да можат да имаат пристап до
лекциите. Ние правиме што можеме, купуваме книги и пакети со храна за нив”.

Сценариото со Татенда и екипата на Стритлајл е нешто кое се случува низ целиот свет. Наставниците можеби не се во училницата, но остануваат на првите редови и се борат со влијанието на КОВИД-19. Дигиталното учење е во пораст, ресурсите се полесно достапни од кога и да било, но образованието е повеќе од само пренесување на содржина. На ученикот му е потребна грижа, поддршка и водство.

„Работата што наставниците ја работат со учениците е надвор од наставниот план; ние сè уште се обидуваме да создадеме позитивен и безбеден простор за нашите студенти “, вели Татенда. „Добиваме видеа, белешки од ученици и родители:„ Многу ни недостасува училиште, кога можам да се вратам на училиште? “. Наставниците имаат неделни повици да споделуваат стратегии, да ги држат мотивирани и ученицитеи родителите.“Ние продолжуваме да проверуваме како тие работат во самоизолација, како се справуваат со сето ова, обидувајќи се да останеме позитивни “.